• Latest

Димитров и Коѕијас утре повторно заедно на квадрилатералната средба во Солун

May 2, 2018

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров и Коѕијас утре повторно заедно на квадрилатералната средба во Солун

May 2, 2018 11:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Контактите меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, продолжуваа утре и задутре во Солун.

Двајцата министри в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот состанок, на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.

Од Министерството за надворешни работи не прецизираат дали е превидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор за спорот со името. Последната средба во рамки на преговарачкиот процес Димитров и Коѕијас ја имаа на 25 април во Виена, а на неа присуствуваше и медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Димитров коѕијас нимиц

По последната рунда преговори изјава даде само Нимиц и нагласи дека двете страни останувата посветени на решавање на проблемот, без да презентираат детали од разговорот.

– Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај.

Коѕијас смета дека преговорите одеа и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“ и објаснува дека е погрешна перцепцијата, ерга омнес да биде само за надворешна употреба.

Тој уште еднаш повтори дека Грција останува на ставот вистинско ерга омнес има треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата и оти за тоа е потребна промена на македонскиот Устав.

Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците и мигрантите кон Балканот и иднината на Европа се теми на кои ќе се осврнат министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија на третата квадрилатерлна средба во Солун.

На средбата освен министрите за надворешни работи ќе учествуваат и министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски од четирите земји, соопшти МНР.

Од другите теми во надлежност на ресорните институции ќе бидат опфатени и прашања во врска со прекуграничната соработка во областите на полициската, царинската заштита, интерконективноста и транспортното умрежување на регионот.

Како што веќе објави МИА, следниот петок на 11 мај во Сунио, во близина на Атина, ќе се одржи министерски состанок на Вишеград 4 и Балкан 4, односно средба на министрите од вишеградската група и балканските земји. Во рамки на овој состанок повторно на заедничка маса ќе седнат Димитров и Коѕијас.

Потоа на 17 мај следува самитот во ЕУ-Западен Балкан во Софија, на кој постои можност за средба на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

заев ципрас

Македонија, пак, се  надева дека прашањето за името ќе се реши до Самитот на ЕУ од кој се очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на Самитот на НАТО во јули.

Грчките медиуми јавуваат дека средбата во Софија за грчката страна е краен датум до кој Ципрас ќе оцени дали може има простор да ја преземе политичката цена за решение на македонското прашање.

– Премиерот потоа ќе треба да ја фокусира неговата енергија исклучиво на преговорите за постмемомандумскиот период. Доколку околностите дозволат би можело да постои средба со неговиот скопски колега Зоран Заев во Софија, на која ќе се донесат конечни одлуки, позитивни или негативни, пишува „То Вима“, повикувајќи се на извори во грчката Влада.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДимитровКоѕиасПреговориСолунсредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ