• Latest

Дебата за измените на Законот за вработување инвалидни лица

May 7, 2018

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дебата за измените на Законот за вработување инвалидни лица

May 7, 2018 14:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во македонското Собрание денеска се одржа јавна расправа во врска со измените и дополнувањата на Законот за вработување инвалидни лица, кои според предлагачите, се направени по препорака на државен ревизор, со цел поефикасно и наменско трошење средства од посебниот фонд. Претставници на граѓански организации, пак, сметаат дека измените не се суштински, делумно се спротивни на одредбите на Конвенцијата за правата на овие лица и не го решаваат проблемот со нивното вработување.

–  Предложените решенија имаат за цел доуредување на постапката за доделување средства од посебниот фонд за тие наменски да се користат, а се регулира и начинот на вршење увид, рече државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска.

Појасни дека измените и дополнувањата предвидуваат решенијата да се носат по претходно извршен увид и утврдена состојба, се допрецизираат условите за користење средства за набавка на опрема, при што новина е правното лице да не е сопственичка организациска или управувачка поврзаност со правниот субјект од кого ја набавува опремата. Исто така, се заменува категорија трговец поединец со самовработено лице, со што, како што посочи Тренчевска, овие лица се изаедначуваат со самобработените лица во системот на задолжително социјално осигурување. Се воведува и оцена на степенот на инвалидност на лицата над 26-годишна возраст заради соодветно вклучување на пазарот на трудот, односно да работат на работни места соосдветни на нивната работна способност.

Оваа одредба е спорна и за Организацијата на работодавачи, но и за граѓанските организации.

Владо Додевски вели дека вака како што е дадена  одредбата сите инвалидни лица ќе мора да одат на рекатегоризација.

– Ние сметаме дека тоа е нерационално и нецелисходно, рече Додевски.

Елена Кочовска од Полио Плус се согласува дека овој член е спорен, кој, според неа, заедно и со неколку други членови е во спротивност со Конвенцијата за заштита на лицата со инвалидност.

– Вака поставената одредба во основа претставува чиста системска дискриминацијана инвалидните лица, рече дека Кочовска.

Ако се сакаат промени, потенцира, тие треба да бидат посуштински. Вака, само се покажува дека имаме мало познавање за обврските што државата ги има преземено со Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност.

На денешната јавна расправа, што ја организираше собраниската Комисија за труд и социјална политика, пратеничката Слаѓана Митова реагираше на неприсуството на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Притоа, оцени дека тоа однесување е крајно неодговорно и несериозно и укажува на тоа дека Министерството не го интересираат забелешките на пратениците и граѓанските опрганизации.

По јавната расправа наскоро овие измени ќе бидат на второ читање на оваа Комисија, по што ќе се најдат на пленарна седница. (МИА)

Tags: дебатаЗакон за вработување на инвалидни лицаЈована ТренчевскаМила ЦаровскаМинистерство за труд и социјална политикаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ