• Latest

Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

May 16, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

May 16, 2018 15:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување или отстапување од реформите, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, при посетата на Спомен Костурницата во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за негова смена од министерското место.

Според него, овие наредени неколку месеци се многу важни за Министерството за култура и за сите процеси кои што се таму и ние, вели, веруваме дека со било која гарнитура во министертвото тие процеси ќе продолжат.
– Јас продолжувам со мојата агенда, јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку. Се разбира дека премиерот е тој што ги предлага и разрешува членовите на Владата, рече Алаѓозовски.

Што се однесува до Годишната програма за установите и институциите од Куманово, конкретно за театарот, министерот Алаѓозовски рече дека не се согласува со констатацијата дека се доделени малку средства за кумановскиот театар.

– Комисијата многу внимателно ја носеше таа одлука и нејзината одлука беше поткрепена на кондицијата на самата куќа, капацитети, на можностите, состојбите, за што се разбира дека членовите на комисијата, кои беа врвни познавачи на театарот и театарските услови ја донесоа одлуката, изјави Алаѓозовски.

Тој истакна дека Куманово не е заборавено, и дека во иднина ќе продолжат со континуитет културни политики.

– Смената на министерското место не значи ништо, ниту напред ниту назад во однос тие политики. Цврство опстојуваме да ги реализираме сите планови, а тука на Куманово му должиме, но Куманово во претстојниот 500-годишен јубилеј посебно ќе биде поддржан во Буџетот за 2019 година, со цел што подостојно и повеличенствено да направи исчекор, имајќи предвид дека станува збор за значаен јубилеј за одбележување на своето постоење, изјави Алаѓозовски, на новинарски прашања. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаминистерМинистерство за култураПрограмареформиРоберт Алаѓозовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result