• Latest
Добро утро со Орданоски

На потег се Американците

June 8, 2018

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На потег се Американците

June 8, 2018 08:00
in ВЕСТИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”48″]Б[/dropcap]идејќи е ова последниот текст за оваа предодморска сезона – пред сосема да си здодееме едни на други! – сè некако се надевав дека оваа серија од некои 150-200 текста во изминативе десетина месеци ќе заврши со решение на проблемот со името. Еве, лето доаѓа, тоа не биднува. Напротив, побрзо се случи, вчера, НАСА да објави дека на Марс се пронајдени траги од органски материи наводно стари три милијарди години, одошто ние проблемов со името да го расплеткаме.

Но, што е право, за постигнувањето на спектакуларното откритие, НАСА против себе ја имаше само непријателската атмосфера на страшната Црвена Планета, оддалечена од Земјата тривијални 55 милиони километри – а ние ги имаме Грците, ене онде, после бензинската на Макпетрол кај Гевгелија! Друга е тоа лига на проблеми, нема споредба, не може Марс кусур да ѝ фати на Атина, бидејќи во Атина живеат Грци, а за на Марс сè уште не е докажано, па затоа и тие не му го спорат името. Да поживееше уште некое лето она упорно човече од Александар Велики – инаку, висок нецели метар и шеесет сантиметри, што е доволно да се објасни фрустрацијата со „Велики“ – наместо што се ничкоса отруен во Вавилон пред 2.300 години, можеби и Марс ќе го освоеше и ќе го запалеше, како што до темел, за инает, го пеплоса Персеполис (откако претходно темелно и го пљачкоса), урбаниот, архитектонскиот и културниот бисер на персиската цивилизација. Куртули Марс, за едно историско влакно!

Ама затоа ние куртул немаме. Се растегнаа преговориве како отпаран ластик на гаќи, учкур ни за лек. Ништо и оваа недела. Можеби следната. А можеби и не. Нашето МНР вчера вели дека јавноста треба да биде стрплива, бидејќи постигнатата добра волја во преговорите „треба да се преточи од страна на работните групи во текст на договор, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни“.

Со други зборови, „договорот на 20 страни“ завчера испратен во Скопје, за што брифираше грчката страна, е повторно некое сочинение кое Грците сами си го сечеле, лепеле и монтирале, со кое веројатно се обидуваат да нè стават пред свршен чин во брзањето да се фатат поволните датуми за одлуки во ЕУ и НАТО. „Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок“, тврдо се заклучува во студен-туш соопштението од македонското МНР.

Значи, им порачува во моментов македонската страна, и покрај тоа што знаете дека Македонија нема План Б, нема да има договор, додека заедно не се договориме. Се чини толку очигледно, што ако трепнеш, може да не го видиш. Треба да се имаат четири очи отворени, оти со Грци си имаме работа.

На потег се Американците.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ГрцијаМакедонијаПреговориСАД
Share118TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ