• Latest

Пендаровски: Грција вети дека нема да не блокира во НАТО и ЕУ

June 26, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Грција вети дека нема да не блокира во НАТО и ЕУ

June 26, 2018 13:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Критериумот за влез на Македонија во НАТО од 2008 година до денес е решавањето на спорот со Грција. Сега треба да се ориентираме кон тоа што Грција ќе каже во своето писмо испратено до Алијансата, отколку на формулациите кои ги употребува генералниот секретар на НАТО. 

Ова денеска го изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на Јенс Столтенберг дека евентуално неуспешен референдум би го загрозило членството на Македонија во НАТО, на дебатата „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“ во Институтот за стратегија и развој.

– Се чека писмото од единствената земја-членка што досега правеше проблеми од нашето зачленување во Алијансата. Треба да ги видиме формулациите внатре. Ветувањата од грчкото Министерство за надворешни работи се дека ќе биде чиста и јасна препораката и за двете организации, не само за НАТО, дека за во НАТО Грција нема да прави проблем да добиеме покана, а за ЕУ нема да прави проблем да почнеме со преговори, рече Пендаровски.

Според него, единствено членството во НАТО е поддржано од сите етнички заедници и тоа претставува најсилен кохезивен фактор во општеството.

– Кога Македонија ќе влезе во НАТО, дефинитивно се затвора прашањето дали ќе ја биде Македонија. Не во смисла дали НАТО ќе застане на нашите граници и ќе не брани од напади, нема да има територијални напади врз Македонија. НАТО е организација во која членуваат најмоќните држави и се разменуваат информации внатре и со заеднички настап се оди контра новите закани, оцени Пендаровски.

Во врска со претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за договорот со Грција, и дали ќе се менува цензусот, тој смета дека „не е добро да се менуваат изборните правила во очи на самиот настан“.

Во однос на зачленувањето во ЕУ, Пендаровски ги оцени како „апсолутно неточни“ шпекулациите дека Унијата ќе даде условена препорака за почеток на преговори, во замена за тоа земјата да отвори бегалски кампови на нејзина територија.

Според него, ЕУ се уште нема заеднички утврдена политика за тоа прашање.  (МИА)

Tags: ГрцијаМакедонијаНАТОСтево Пендаровскичленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ