• Latest

Костовски: Не ги делам луѓето на патриоти и предавници

August 23, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Костовски: Не ги делам луѓето на патриоти и предавници

August 23, 2018 12:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со спортскиот новинар Атанас Костовски на повеќе теми, но пред сѐ преку примери од неговиот живот и кариера за патриотизмот, национализмот, влијанието на медиумите, одговорноста на политичарите и претседателот, јазикот, меѓусебното разбирање на заедниците што живеат на овие простори, како и за референдумското прашање.

„Не сум ги делел луѓето и не ги делам на патриоти и предавници, затоа што Македонец се чувствува, а тоа чувство не е ни на лева ни на десна страна. Тоа чувство води напред, во подобро… Се сеќавам на еден мој пренос кога Македонија и Албанија играа во Тетово, меѓу првите натпревари веднаш по осамостојувањето на нашата репрезентација. По интонирањето на химната на Албанија реагираа Македонците. По интонирањето на македонската химна возвратија Албанците, оправдано. Проблемот е кој прв почна.  Ако Македонците аплаудираа на химната на Албанија ќе беше добра лекција Албанците да не негодуваат на македонската химна. Било и ќе остане, мнозинството е одговорно како ќе се однесува малцинството“, изјави Костовски, обидувајќи се илустративно да ја прикаже релацијата на патриотизмот и национализмот.

„Во однос на законот за јазиците, мислам дека претседателот на Република Македонија покажа дека е претседател само на една политичка мисла и партија, а не на сите граѓани и граѓанки. Требаше да го потпише… Едноставно секој да се изживее на свој мајчин јазик…“, рече Костовски правејќи паралела со третманот на јазичните прашања во време на Југославија.

Што се однесува до медиумите и нивното влијание Костовски вели дека секој сега има право на мисла, на говор, но дека се претерува, особено на социјалните мрежи. Цитирајќи ја новинарката Емилија Лазаревска, тој вид на медиуми го оцени како место за збирање на ѓубриштето.

Кога станува збор за меѓусебните односи на заедниците, Костовски истакна дека ако се почитуваме со оној што е до нас без разлика на вера или од која партија доаѓа, сите недоразбирања ќе исчезнат. А за тоа како да се бориме против рушење на овие односи, говорот на омраза и национализмот, тој смета дека може да се бориме со одавање признание за добрите дела, без разлика чии се и од која партија или вера. Добрината, вели Костовски, некој друг ја измислил и ни ја оставил во наследство, а ние забораваме на добрите дела.

„Како да копаме дупка во неа да падне ривалот или конкурентот, а не да  помислиме дека неговиот успех ќе ме повлече и мене да постигнам повеќе и нешто подобро за себе, за околината, за државата…“, вели Костовски.

Исто така, Костовски очекува претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, заеднички да излезат и да ги повикаат граѓаните да излезат на Референдумот. Според него тоа е нивна должност, особено на Иванов.

„Должност е на претседателот да ги повика граѓаните на Македонија да излезат и да го кажат своето „за“ или „против“. Не е претседател само на една партија… Го очекувам, сепак, единството  на државниот врв за покана, а потоа кој како ќе гласа тоа е човеково право. Јас сум „за“… Обврска е на првиот човек на државата да ги повика гласачите да излезат да гласаат“, вели Костовски.

Костовски, посака рамноправност со сите што во општествено-политичкиот развој отишле многу подалеку од Македонија, алудирајќи на потребата за влез во ЕУ.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: Атанас КостовскијазикМакедонијапатриотизамреферендум
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ