• Latest
Добро утро со Орданоски

Злобната-гробна претседателска баба

September 10, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Злобната-гробна претседателска баба

September 10, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]е издржа г. Ѓорге Иванов. Се трудеше, не дека не, да не кажува јасно и официјално, а особено не искрено, што е неговиот став за референдумот – барем додека и неговата партија не ја расчисти сопствената длабока конфузија и не излезе со некаков логичен став по тоа прашање – ама не додржа да ја пропушти приликата што му се беше укажала по повод 8 септември.

Имено, како што е познато, во честитката до нацијата, во која го велича референдумот за осамостојување на Република Македонија од 1991 г., Иванов уфрли и една ваква, наводно итра, а всушност бедна инфектива: „Во очи на тој историски референдум во нашата татковина не доаѓаа високи странски претставници. Тоа беше момент на вистинска народна саморефлексија од која произлезе ненаметната, автентична и чиста волја на македонскиот народ и македонските граѓани“…

Читај: за разлика од овој, закажаниов референдум, во чија најава сме „поплавени“ од, навистина, „високи странски претставници“, кои сакаат подло да ни наметнат неавтетична и нечиста „народна“ одлука со која би се отворил (наместо да се затвори) патот за нашите евро-атлантски интеграции.

Не може да е лесно да сте, макар и полупризнат, претседател на една држава која, објективно, цела година е во центарот на регионалното, па и континенталното, позитивно внимание, а вие да се наоѓате на маргините, во „соблекувалната“ на тој процес, заглавени во своето мрачно политичко претседателско минато, како здушен соучесник и прононсиран идеолог на еден паднат недемократски режим, и самиот вмешан во дузина срамни потези, во подготовки на пропаднат државен удар, во повеќегодишен налудничав напор да му се смени националниот идентитет на сопствениот народ. Во неговата претседателска биографија нема материјал ни за фуснота во македонската прогресивна историја.

Наместо да се радува, како секој нормален и добронамерен претседател на која било (а особено мала) држава, што во главниот град се редат највисоки претставници на меѓународната заедница – меѓу кои, nota bene, половина влада, на чело со десничарската, конзервативна, христијанско-демократска, светски влијателна канцеларка на Германија, државата која е македонскиот НАЈГОЛЕМ економски партнер и еден од најдоверливите и најсигурни актуелни пријатели – кои не штедат зборови за потврдата на нашиот идентитет, јазик, култура, историја и иднина (sic!)… Велам, наместо да се гордее со тоа, овој Иванов, како некоја штрбава, злобна-гробна баба, седнат во самотија во осојот на Водно, праќа „кодирани“ пораки до оние кои повикуваат на бојкот на референдумот нивните следбеници да не паѓаат под влијание на светската политичка елита.

Да се однесуваше така Глигоров за референдумот во 1991 г., како што тој се однесува сега, Иванов уште ќе беше надежен, иако подостарен интелектуалец од редовите на комунистичката партија на Македонија.

Добро, што е, тука е, јасно е дека Иванов, во недостаток од подобар политички лидер, е на чело на антизападната кампања во државата, во очајниот напор Македонија да се остави полека да умира во својата имагинарна античка историја која нејзиниот претседател, на општ потсмев веќе на излезот од капиите на Водно, неуморно ја прераскажува секому кој бил будала да не си ги затне ушите со восок пред да се сретне со него.

Всушност, и да нема апсолутно никаква друга придобивка, освен со успехот на референдумот да се испратат во неславната политичка историја на Македонија ликови како овој државник-несреќник од Ѓорѓе Иванов, би вредело барем еден милион жени и мажи од Македонија да облечат чевли и со трчање, газ-преку-глава да се упатат да гласаат на овој референдум!

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: бојкотгласањеЃорге ИвановЕвропаидентитетинтеграцииМакедонијаМеркелрежимреферендум
Share221TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ