• Latest

Догледање во следната војна

September 10, 2018
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИл

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаеето е сила знаењето е моќ“

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Украина ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир ако обезбеди прекин на огнот со Русија

October 9, 2025
Илустрација ВИ

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

October 9, 2025
Фото: Астра/Телеграм

Пожар избувна во најголемата гасна постројка во јужна Русија по напад со дронови

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Догледање во следната војна

September 10, 2018 12:36
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Медиум кафе, јуни 1999 година, неколку дена пред промоцијата на мојата книга поезија „Мажот со коси на дете“ (издание на Форум), што мојот другар Шуки ја нарекуваше „Мажот со косина…“. Седам со Брус Конју (Bruce Connew), новинар, фотограф и писател од Нов Зеланд. Ја дискутираме трагичната балканска судбина низ вековите до денот кога цевчиме кригли пиво… во пресрет на завршувањето на војната на само 50-тина километри од нашата маса покриена со шарена сенка, нотеси и фотоапарати. И кригли. И тој постојан, неподнослив звук што го правеа НАТО стелтовите.

Џабир Дерала

Му раскажувам за погибијата на татко ми во Столац, БиХ. Загина како обичен цивил, на самиот почеток од војната, во јуни 1992 година. Му ги пренесов и моите доживелици во Мостар, година дена по Дејтонскиот мир (1995) и малкуте информации што ги собрав од таму, од раскажувањето на градоначалникот на Столац што беше бегалец во поделениот Источен Мостар.

„И? Што чувствуваш сега за Хрватите?“ – ме праша Брус – „Ги мразиш?“

„Како би можел да ги мразам Хрватите?!“ – му одговорив без размислување – „Јас сум Хрват по мојата баба Ана. Тоа би значело дека мразам дел од себе.“

Брус го напиша тоа во својата кратка книга „Press Escape to Cancel“, според насловот на една моја поема, што ја рецитирав своевремено и во албум на македонските рок легенди Last Expedition.

Во тоа време се дружев и со Серж ван Дајнховен (Serge van Duijnhoven), автор од Белгија. Тој пишуваше за балканските војни. Јунската промоција на мојата книга се совпадна со средбата Клинтон – Милошевиќ во Куманово, 22 јуни 1999 (капитулацијата на Милошевиќ). Околу 5.000 новинари чекаа во бескрајна редица за акредитации за влез во Косово и во Србија. Јас ја добив легитимацијата број 444… Цевчиме пиво, македонско-меѓународна тајфа новинари, фоторепортери и авантуристи и се разделуваме.

„Добро е што завршија балканските војни, следниот пат да се видиме во мир.“ – ми вели Серж, возбуден, со високо крената кригла. Сите ги креваат своите кригли во знак на одушевено одобрување. „See you next war“ („До гледање во следната војна“) – му одговорив. Завладеа тишина. И ова влезе во книгата на Серж што се однесуваше на воената 2001 година во Македонија.

Во тоа време не можев ни да замислам дека следната војна на која ќе се видам со моите колеги од белиот свет ќе се случи токму во мојата земја, но се случи. ОК, кога се работи за Балканот, никогаш не велам не. И сега, кога гледам кон север од мојата земја, носот ми го штипе силниот мирис на несигурност. Барут. И тажен сум поради овој трагичен Балкан.

Воедно (не без некое неодредено чувство на нелагодност), се радувам што нѐ делат денови од големите одлуки што ќе нѐ оддалечат од таа неизвесност. Што ќе ни овозможат помирно стареење и посигурна младост за нашите деца. И достоинство за сите.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БалканБиХвојнаКосовоМакедонијареферендумСрбија
Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ