Здравко Савески од Левица, партија во формирање, на дебатата „Плурализам и политичка криза“, организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 2 февруари, изјави дека Договорот од Пржино нуди само минимум за враќање на демократијата.
На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.