• Latest

Албански медиуми: Албанската опозиција протестира со блокада на сообраќајот; целта на сајбер нападот на албанското собрание била бришење податоци; Изборната комисија на Косово заседава за суспензија на две политички партии

December 27, 2023

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанската опозиција протестира со блокада на сообраќајот; целта на сајбер нападот на албанското собрание била бришење податоци; Изборната комисија на Косово заседава за суспензија на две политички партии

December 27, 2023 11:25
in AL-PRESS, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската опозиција денеска во Тирана го започна протестот со блокади на сообраќајот, додека се очекува разврска, односно заседавање на собранието за апсењето на Бериша.

Во Косово, Централната изборна комисија ќе ја разгледа препораката за суспензија на Социјалдемократската партија, соопштуваат во соопштението од оваа институција.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Започна  протестот на опозицијата со  блокада на  сообраќајот

Протестот на опозицијата започна пред неколку моменти на влезот на улицата „Мислим Шири“, за да продолжи пред Врховниот суд.

Го блокираа сообраќајот на возила, а граѓаните се принудени да излезат од автобусите за да пеш, пренесе Топ Чанел.

Епока е Ре: Од Парламентот на Албанија велат дека целта на сајбер нападот била бришење податоци

Од Албанскиот парламент соопштија  дека сајбер нападот имал за цел да влезе во неговиот систем за податоци и да ги избрише, со што привремено се прекина работата на веб-страницата на Парламентот, пренесе Епока е Ре.

КОСОВО

ЕО: ЦИК  ќе заседава за суспензија на ПСД и на Движењето за единство

Централната изборна комисија на Косово ќе ја разгледа препораката за суспензија на Социјалдемократската партија, соопштуваат во соопштението од оваа институција.

Средбата ќе се одржи со почеток во 13:30 часот, додека препораката за суспензија е и на дневниот ред на политичката партија Движење за соработка и препораката за отплата на долговите на политичките партии и политичките субјекти за периодот 2014-2020 година од Регистарот на побарувања, пренесува Економиа Онлајн.

Еуроњуз: Одлуката на Србија за регистарските таблички, за некои на северот „предавство“ за други  е „добра“

„Предавство“ и „загуба“ – вака српските граѓани на северот на Косово ја коментираат одлуката на Владата на Србија да дозволи слободен промет на автомобили со косовски регистарски таблички на нејзината територија, РКС – Република Косово, пренесува Еуроњуз.

Арбреш: За 11 месеци  дијаспората во Косово испрати милијарда и 217 милиони евра

Во текот на месец ноември албанските иселеници испратиле 101,3 милиони евра дознаки.

Но, за 11 месеци финансиските дознаки на дијаспората изнесуваат милијарда и 217 милиони евра, покажуваат прелиминарните извештаи на Централната банка на Косово.

Во однос на 11-те месеци од претходната година е забележан пораст од 10,2 отсто, пренесе Арбреш.

КОЛУМНА

Бота Сот: Мизерната  среќа на криминалците на „Фронтот на смрдеата“!

„Зошто денес?! Зошто одмазда кон Сали Бериша?! Затоа што за преродбениците, следбениците на блокот и блокаторите на диктатурата, Сали Бериша е авторот и главниот фактор што ги собори од власт татковците и дедовците на преродбениците“, пишува авторот Проф. Др. Енвер Битиќи во колумната  „Мизерната  среќа на криминалците на „Фронтот на смрдеата“!, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ