• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Берлински процес во Тирана – Министеријал за надворешни работи на ЕУ и западен Балкан; албанската влада со предлог за легализирање на игрите на среќа; Курти и Вучиќ на средби во Брисел

September 14, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Берлински процес во Тирана – Министеријал за надворешни работи на ЕУ и западен Балкан; албанската влада со предлог за легализирање на игрите на среќа; Курти и Вучиќ на средби во Брисел

September 14, 2023 10:04
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска во рамки на Берлински Процес се отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан. Косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

Ова  се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

РТШ: Министрите за внатрешни работи на ЕУ и регионот се среќаваат во Тирана во рамките на Берлинскиот процес

„На 14 септември, Тирана го отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. Темите на Министеријалот ќе бидат интегрирано гранично управување; Регионална соработка во борбата против организираниот криминал; Партнерство за компјутерски криминал во Западен Балкан.“, пренесе РТШ.

Телеграфи: Албанија следната недела го започнува пописот на населението

„На 18 септември во Албанија ќе започне пописот на населението и куќите. Овој процес се подготвува веќе четири години. Првично беше одложено поради пандемијата COVID-19, а потоа поради, како што беше речено, „необезбедување на потребните средства за собирање информации на терен“, пренесе Телеграфи.

Балкан Веб – „Пет години по забраната за игрите на среќа, власта се обидува да ги легализира“, БИРН: Пратениците на СП и на опозицијата со критики го пречекаат нацрт законот!

„Пет години по забраната за игрите на среќа, владата се обидува да го легализира онлајн обложувањето, но предлог-законот наиде на критики и испитувања и од опозицијата и од мнозинството пратеници. Албанската влада го таргетираше нелегалниот пазар на коцкање преку операцијата „Крај на лудилото“ во 2013 година, а во 2015 година донесе закон што беше опишан како радикален за да ја ограничи индустријата.“, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

РТВ 21: Курти и Вучиќ се сретнуваат  денеска во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

Според агендата што ја објави ЕУ, предвидено е средбите да започнат денеска во 9 часот.“, пренесува РТВ 21.

Коха: Специјалниот суд му го одзема телефонот на братот на Салих Мустафа

По наредба на Специјалниот суд, одземен е телефонот на Арбен Мустафа, братот на поранешниот командант Цали. Ова за КосоваПрес го потврди адвокатот на Мустафа, Бетим Шала, според кого неговиот клиент не сторил кривично дело ниту го попречувал спроведувањето на правдата, пренесе Коха.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Што се очекува од средбата на 14 септември?

„Се чини дека состанокот на 14 септември 2023 година во Брисел е фокусиран само на деескалација на кризата на северот на Косово. Зошто? Затоа што се чека опасност од вооружен конфликт меѓу локалните Срби и владата на Косово. Постоечката ситуација не може долго да се одржува, а да не експлодира со инциденти Експлозијата на конфликтот му одговара на режимот на Вучиќ, кој е под притисок на опозицијата за нови избори, под притисок на Западот да воведе санкции кон Русија и под притисок на Русија да остане врзана за руската кочија. Значи, Вучиќ е сред низа спротивставени притисоци, каде што вооружениот конфликт на Косово би му помогнал да остане на власт и да ги одржи сегашните нелогични и вештачки баланси. За жал, Владата на Курти го спонзорира конфликтот, бидејќи покажува „силна против Србија“, добива поени во очите на граѓаните.“, пишува авторот Милазим Красниќи во колумната „Што се очекува од средбата на 14 септември?“, објавена во Економиа Онлајн.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ