• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Графитот „Кад се војска врати на Косово“ и во Зубин Поток; Албанија повторно го презема претседавањето со Советот за Безбедност; бесплатни учебници за учениците во основните училишта во Албанија

September 1, 2023
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Графитот „Кад се војска врати на Косово“ и во Зубин Поток; Албанија повторно го презема претседавањето со Советот за Безбедност; бесплатни учебници за учениците во основните училишта во Албанија

September 1, 2023 12:16
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Зубин-Поток беше разоткриен графит со порака: „Кога војската ќе се врати на Косово“. Претходно се појави на фудбалски натпревар на навивачката група на Црвена Ѕвезда во Белград, а потоа и во градовите на Република Српска во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Русија, јавуваат косовските медиуми. Албанија  денеска по втор пат ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во јануари минатата година стана дел од овој форум како непостојана членка.

Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од изборот на албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес: Во Зубин Поток се појави графитот „Кога војската ќе се врати на Косово“

„Во Зубин-Поток беше разоткриен графит со порака: „Кога војската ќе се врати на Косово“. Претходно се појави на фудбалски натпревар на навивачката група на Црвена Ѕвезда во Белград, а потоа и во градовите на Република Српска во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Русија. Градоначалникот на Зубин-Поток посочи дека има и други графити кои промовираат веќе прогласени терористички организации како што е „Северната бригада“

Графитот „Кога војската ќе се врати на Косово“ беше изложен во четвртокот на северот населен главно со Срби, ѕид недалеку од објектот на општина Зубин-Поток.“, пренесе Газета Експрес.

Радио Косова е Лире: Следната средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се одржи на 14 септември.

Следната средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се одржи на 14 септември, соопшти на прес-конференција во Шпанија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа на 2 мај – девет дена по вонредните избори во северно Косово, кои беа бојкотирани од локалното српско население, пренесува Радио Косова е Лире.

АЛБАНИЈА

Репортери: Албанија денеска по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност

„Албанија во петок ( денеска)  по втор пат ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во јануари минатата година стана дел од овој форум како непостојана членка. Министерката за надворешни работи Олта Џачка во четвртокот рече дека две главни активности ќе го одбележат албанското претседателство.“, пренесе Репортери.

Панорама: Денеска започнува делењето на бесплатни учебници  за учениците во основните училишта во Албанија, Рама со порака

Албанскиот премиер  Еди Рама денеска најави делење бесплатни книги за сите  ученици од јавните основни училишта.

Оваа нова учебна година децата од второ и трето одделение ќе добијат нови книги бесплатно без да мора да ги вратат на крајот од учебната година, пренесува Панорама.

Опинион: „Фатос Нано се бори за живот“/ Рама му ја доделува  Ѕвездата на јавната благодарност

Премиерот Еди Рама денеска одлучи да му додели орден на Фатос Нано, поранешниот лидер на Социјалистичката партија.

Рама му ја подари Ѕвездата на благодарноста, нагласувајќи дека Нано се бори за живот, пренесува Опинион.

Поранешниот премиер Фатос Нано e хоспитализиран веќе една недела во приватна болница во Тирана. Албанските медиуми известуваат дека поранешниот премиер продолжува да биде на реанимација интубиран поради проблеми со дишењето и дека состојбата не е променета.

КОЛУМНА

Коха: Колку подалеку од Србија, толку е појасен погледот

„Дејан Атанацковиќ, сликар образован во Фиренца, Италија и писател, вели дека „прашањето за Косово е завршено, тоа никогаш нема да се врати во Србија“. Лазар Џамиќ, поранешен шеф за планирање и брендирање во европската централа на Гугл, нагласува дека национализацијата и траумите од минатото се трансформирани во оружје за манипулација од страна на актуелната власт во Србија. Очигледно, веројатноста еден Србин  јасно да размислува за Србија се зголемува со секој километар оддалеченост од Србија.“, пишува меѓу другото авторот Енвер Робели во колумната „Колку подалеку од Србија, толку е појасен погледот“, објавена во Коха.

Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумирегионредакциски избор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ