• Latest

Албански медиуми: Продолжува руската пропаганда за Косово; Во Албанија се заоструваат критериумите за доделување лиценци за игри на среќа; Албанците во Македонија се „мртов“ политички фактор

February 2, 2024
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Продолжува руската пропаганда за Косово; Во Албанија се заоструваат критериумите за доделување лиценци за игри на среќа; Албанците во Македонија се „мртов“ политички фактор

February 2, 2024 10:54
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова  дезинформира дека институциите во Приштина „сакаат“ да ги избришат трагите од присуството на Србите и да го албанизираат нивниот идентитет, пишуваат косовските медиуми.

Во Албанија, заострени се критериумите за компаниите кои ќе имаат корист од лиценцата за игри на среќа, а воведен е и систем на бодување за рангирање на конкурентските компании, известуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес- Руската пропаганда продолжува: Захарова дезинформира дека „православните цркви на Косово немаат заштита“

„Портпаролката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова  повторно се занимава со дезинформации за Косово.

На 31 јануари Захарова овојпат се занимаваше со новинарите со српските цркви во Косово, дезинформирајќи дека институциите во Приштина „сакаат“ да ги избришат трагите од присуството на Србите и да го албанизираат нивниот идентитет, кој го имаат со векови.“, пренесе Газета Експрес.

Телеграфи: Амбасада со скратени податоци, не се знае кои се дипломатските претставници на Косово

Безвизното движење за Косовците значително го зголеми бројот на патници кои патуваат во земјите ширум светот, како и потребата да бидат поинформирани за амбасадите на Косово во земјите домаќини, особено во случај на можни потешкотии.

За четири специјални канцеларии на Косово во четири земји воопшто нема податоци кои се дипломатските претставници, ниту пак за конзулат.

Во меѓувреме, во три амбасади сè уште стојат имињата на минатите амбасадори. Истото и за шест конзулати, каде се уште се појавуваат имињата на поранешните конзули, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз –  Се менува законот за коцкање, се заоструваат критериумите за доделување лиценци, се воспоставува систем на бодување

„Министерството за финансии подготви нов предлог-закон за коцкање, каде пред Комисијата за економија во Собранието презентираше одредени измени.

Заострени се критериумите за компаниите кои ќе имаат корист од лиценцата, а воведен е и систем на бодување за рангирање на конкурентските компании. Исто така, во комисијата за лиценца ќе бидат додадени членови кои оценуваат барања од субјекти.“, пренесе Јава Њуз.

Балкан Веб: Кој ќе работи?! Населението над 65 години ќе претставува 80% од работната сила во 2070 година

„На Албанија ќе и биде многу тешко во наредните години да им понуди достоинствен живот на пензионерите.

Во 2023 година, Албанија имаше возрасна група над 65 години како 25% од работната сила (15-65 години), на споредливи регионални нивоа. Но, неповолните демографски движења ќе значат дека во 2070 година возрасната група +65 ќе биде дури 80% од работната сила (15-65 години), оценува Меѓународниот монетарен фонд во последниот преглед на договорот со Албанија, пренесе Балкан Веб.

КОЛУМНА

ШќипМедиа: Македонските Албанци се ‘мртов’ политички фактор!

„За душегрижниците кои ме советуваат да внимавам со критиките дека ќе можам да го изедам куршумот во глава? Мојот страв од тој куршум е покриен со тагата што моите деца и внуци живеат во средина каде што „мафијашите“ од ДУИ можат кога сакаат да ги компромитираат со смислување на некое криминално „дело“.

И оваа мизерија е она што ги наведува родителите овде да ги повикаат своите деца да ги напуштат населбите со две реки, каде што и човек расте ако го засадиш, и да одат што подалеку во Македонија, што подалеку од ова место каде што Албанскиот политички фактор почина поради временските неприлики.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Македонските Албанци се „мртов“ политички фактор!, објавена во ШќипМедиа.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ