• Latest

Албански медиуми: Заврши пописот во Албанија; 29 организации бараат да албанската влада да се повлече од договорот за бегалци со Италија; Самоопределување со свој огранок во Северна Македонија може да учествува на следните избори

November 17, 2023
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Заврши пописот во Албанија; 29 организации бараат да албанската влада да се повлече од договорот за бегалци со Италија; Самоопределување со свој огранок во Северна Македонија може да учествува на следните избори

November 17, 2023 10:27
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, заврши процесот на Пописот на населението и становите 2023. ИНСТАТ соопштува дека продолжува со работа на теренска проверка на станбениот статус и одбивањата, процес кој ќе продолжи до 24 ноември. Група од 29 организации фокусирани на човековите права, се обратија до албанската влада во отворено писмо во кое бараат повлекување на Албанија од договорот со Италија за бегалците. Не е исклучена можноста политички субјект кој ќе  произлезе од  движењето „Самоопределување“ на Албин Курти,  да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија.

Во породолжение се сите теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

РТШ: Во Албанија заврши пописот на население за 2023 година, почнува проверката на терен

Заврши процесот на Пописот на населението и становите 2023. ИНСТАТ соопштува дека продолжува со работа на теренска проверка на станбениот статус и одбивањата, процес кој ќе продолжи до 24 ноември.

„За проценка на квалитетот на процесот и опфатот, од 20 ноември до 20 декември 2023 година, ИНСТАТ ќе организира Пост-пописна анкета според препораките на Обединетите нации и Европската Унија, во 100 пописни подрачја, распоредени низ целата земја. Во овој процес ќе бидат ангажирани 100 геодети и 25 инспектори кои повторно ќе тропнат на вратите на граѓаните, во избраните области“, соопштуваат од ИНСТАТ и ги повикуваат граѓаните да ја олеснат работата на персоналот, пренесе РТШ.

Газета Тема: Организации за човекови права бараат од владата да се повлече од договорот за бегалците со Италија

Група од 29 организации фокусирани, меѓу другото, на човековите права, се обратија до албанската влада во отворено писмо каде бараат повлекување на Албанија од договорот со Италија за бегалците, истовремено изразувајќи загриженост дека договорот води до кршење на човековите права,  и незаконски затвор, пренесе Газета Тема.

Епока е Ре: „Отворен Балкан“ ја „разочара“ Албанија, надежите остануваат во Берлинскиот процес

Албанија имаше мала корист од Отворениот Балкан, барем во една насока, онаа на економијата. За повеќе од три години регионална соработка со Србија и Северна Македонија, земјата одржуваше кревка позиција во надворешната трговија, дури и продлабочувајќи го трговскиот дефицит.

„Отворен Балкан“ беше попозитивен за Албанија во однос на странските инвестиции. Податоците на Банката на Албанија покажуваат дека во периодот 2020-2022 година земјата обезбедила 3,34 милијарди евра странски инвестиции, бројка што е 2 пати поголема од онаа што ја постигнала Северна Македонија, но 3,5 пати помала од Србија. (графикон 3) Економските експерти проценуваат дека овие бројки може значително да се зголемат под влијание на Берлинскиот процес, „оживеан“ од германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Епока е Ре.

Телеграфи – Европски извештај: Албанските мрежи активни во „куќи на трева“ во неколку европски земји

Според извештајот „Пазар на дрога во ЕУ, канабис“, врз основа на податоци од неколку заеднички меѓународни истраги, се чини дека особено албанските и српските мрежи се вклучени во одгледувањето на канабис во големи размери во Европската унија, особено во Шпанија .

Во извештајот се споменуваат неколку случаи на сузбивање криминални мрежи, вклучително и албанските за одгледување канабис во затворени средини, пренесе Телеграфи.

КОСОВО

Бота Сот: „Самоопределување“ се обидува да ја прошири власта и во Северна Македонија

Не е исклучена можноста политички субјект кој ќе  произлезе од  движењето „Самоопределување“ на Албин Курти,  да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија.

Веќе се започнати активности за формирање на правно лице од движењето во Косово, кое ќе биде регистрирано во Северна Македонија.

Се очекува да биде предводено од Беким Ќоку, советникот за односи со Северна Македонија на премиерот на Косово, Албин Курти, како и поранешниот дипломат и поранешен кандидат за претседател на Северна Македонија, Блерим Река, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Бота Сот: Заедницата  и „бела Африка“

Косово строго ги почитува и спроведува меѓународните закони за етничките малцинства. Конкретно, владата на Косово се грижеше за српското етничко малцинство. Уставот на Косово им гарантира повеќе права од кое било друго малцинство во светот. И тогаш што бараат? Нека покажат точно кое право го имаат другите малцинства во светот што го нема српското етничко малцинство на Косово. Но, всушност „зајакот се крие“ на друго место. Всушност, Србија секогаш кога ќе ја спомене Заедницата, мисли на „бела Африка“, пишува авторот Зија Леши во колумната „Заедницата и „бела Африка“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: апбански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ