• Latest

Албанци

August 21, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Албанци

August 21, 2018 11:33
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Референдумот за Спогодбата меѓу Македонија и Грција мора да се одвои од сите други теми. Се работи за историски чин што ги надминува сите мандати на сите влади и институции, ги надминува идеологиите (ако ги имаат) на политичките партии, ги надминува односите меѓу Македонците и Албанците и нивниот однос кон „другите“ етнички заедници, како што тие милуваат да ги наречат. Ова е процес во кој се засегнати граѓанките и граѓаните. Точка.

Пишува: Џабир Дерала

Затоа се апсурдни сите натегања околу било која тема во врска со референдумот, особено етничките прашања. Тоа ги прави дополнително утнати и сите екстремисти што дивеат низ медиумите и социјалните мрежи деновиве. Македонија имаше шанса да одржи еден процес со историски размери, чисто и непоматено, достоинствено и радосно. За жал, таа шанса ја пропуштивме поради политиканти, криминалци и мразачи (што не мора да значи дека се во спрега). Притисокот и мешањето во внатрешните работи на Македонија од страна на Кремљ и криминалните мотиви на ВМРО-ДПМНЕ и други на домашен терен го извалкаа овој процес.

Устав, леб, млеко и ванилин шеќер…

Во јавноста осамнаа и гласовите на политичари и интелектуалци Албанци што мислат дека сега е моментот да ги повторат своите замисли за тоа како треба да изгледа Македонија низ нивната етно-призма. Дел од нив се наивни жртви на руско-вмровските манипулации, а дел се непоправливи националисти. Тезите се дека Албанците немаат ништо од Спогодбата меѓу Заев и Ципрас. Притоа, тие се убедени дека, кога веќе се отвора Уставот, во пакет треба да одат уставни промени што се однесуваат на Албанците, на двојазичноста, на државотворноста, на правичната застапеност итн. Отприлика, како кога ги праќаат децата по леб и млеко, им нарачуваат да купат и кесичка ванилин шеќер. Или, со други зборови, Референдумот можеби е придобивка за сите, но истовремено е само шанса за дополнителен ќар, заснован на сосема поинакви политички агенди. Тоа е, благо кажано, себично. Принципиелно е прашањето: зошто Албанците мора да имаат нешто екстра од Спогодбата меѓу Македонија и Грција? Македонски националист би рекол: Албанците секогаш бараат нешто екстра. Таа позиција е грда и има потенцијал за поделби и тензии, но и Албанците треба да се замислат дали можеби го хранат тој став.

Сите заедно, не сфаќаат дека уредувањето на статусот на Албанците, колку и да е тоа неопходно или непотребно, оправдано или неоправдано – нема врска со референдумот. Тајмингот на ваквите иницијативи е погрешен, а адресите на кои се обраќаат се целосно утнати.

Албанците што работат за Кремљ

Овие барања во официјална или полуофицијална форма му се упатуваат на премиерот Заев. Дел од нив искажуваат недоверба кон ДУИ и кон другите политички партии на Албанците, па велат дека овој проблем треба да го реши Заев и никој друг. Не разбираат (или не сакаат да разберат) дека правата и слободите што ги бараат веќе се гарантираат со Уставот и законите, се однесуваат на сите граѓанки и граѓани. Точно е и тоа дека човековите права секојдневно се кршат по разни основи и дека сите се жртви на дискриминација. И дека Македонци, Роми, Срби, Турци и други се дискриминираат во средини каде што Албанците се во мнозинство. Што со тоа?! Нели, според Уставот, сите се еднакви…

Можеби Албанците имаат право да тврдат дека се мета на дискриминација во институциите повеќе отколку другите, но тоа е проблем на владеењето на правото, а не на формулации во Уставот. А во институциите има и Албанци од кои токму Албанците најмногу се жалат. Што, пак, со тоа?! Ако веќе зборуваме за дискриминација, Ромите се најдискриминирана заедница, а нив ги дискриминираат сите што се во институциите, вклучувајќи ги и претставниците на нивната заедница.

Но, тоа не им е важно ниту на Албанците, ниту на Македонците што работат за Кремљ…

Македонија не е апсолутистичка монархија

Можеби би било можно пред-референдумските барања на Албанците и да се исполнат на тој начин, но под еден услов: да живееме во времето на Отоманската Империја, а Заев да е султан. Дури и во тие услови, не е сосема извесно дека султанот би имал толку неограничена политичка моќ, па би се посоветувал со своите везири и други моќни фигури во империјата.

Во 21 век, во парламентарна демократија (а не монархија), Заев е само дел од системот, а расправата околу тие прашања се води во јавноста, а се одлучува во парламент. И, секако, надвор од прашањата кои се однесуваат на референдумот, во поинаков процес, кога за тоа би имало услови.

Неразбирањето на процесите во општеството и политиката на дел од луѓето кои си дозволуваат да настапуваат во име на Албанките и Албанците, им нанесува штети на меѓуетничките односи во земјата. Подеднакво како и штетите што ги предизвикуваа екстремистите што ги негуваше режимот на Груевски, а таа „традиција“ ја продолжува Мицкоски и неговите трабанти. Сите тие ги прават претпазливи и ги радикализираат дури и оние за кои ни оддалеку не може да се каже дека се националисти, без оглед на тоа од која заедница се.

И, да не заборавиме, ваквите тенденции се плодна почва за деструктивните криминално-политички структури (странски и домашни) на кои правата на Македонците, Албанците или на било која друга заедница не им значат ништо. Напротив.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 22 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанциВМРО-ДПМНЕГрцијаКремљМакедонијанационализамреферендумчовекови права
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ