• Latest

Андревски: Кога ќе пукне линијата на бизнис меѓу медиумот и власта, медиумот веднаш преминува на другата страна

December 19, 2023

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Андревски: Кога ќе пукне линијата на бизнис меѓу медиумот и власта, медиумот веднаш преминува на другата страна

Дезинформации ќе си постојат исто како што постојат пеналите во фудбалот. Проблемот е ако може општеството, а мора да може да бара начини да го намали нивното влијание.

December 19, 2023 13:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога некој медиум има соодветна соработка со власта, ја поддржува. Кога ќе пукне таа линија на бизнис и власт тогаш веднаш преминува на другата страна. Истите потези што власта претходно ги преземала почнуваат да биднуваат спорни, поставувани во различни контексти дека негативно влијаат. Почнуваат да велат дека власта не знае да ги следи интересите и тн.“ рече професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во држава со максимум два милиони луѓе со релативно активна публика во смисла на прием на пораките, имаме огромен број на медиуми и телевизии кои се на локално или на национално ниво. Според него, нацијата не може да произведе толку кадри, одлични водители на контактни програми, и на тој начин професијата новинар се обезвреднила бидејќи барала многу луѓе да влезат во неа. Истите тие имаат можност да се пазарат со сопствениците за својата плата, статусот, перспективата и сл.

„Медиумите не се на класичен медиумски пазар каде што и рејтингот и уделот во програмата се битни за економското и севкупното медиумско постоење. Сопственикот може многу брзо да го замени конкретниот новинар со понеквалитетен и тоа да не влијае врз економското функционирање на куќата, рејтингот во јавниот простор“, истакна Андревски.

Тој констатираше дека вкупната целина на односите во општеството се такви што овозможуваат сопствениците да владеат.

„Да бидам социолошки крут – ние сме уште во првите 30 години во првобитна акумулација на капиталот во која сопствениците ги земаат правата што им припаѓаат и што не им припаѓаат. Професијата ќе си постои и ќе си бара своите шанси. Она што ме загрижува е што еден дел од новинарите што имаат капацитет да бидат автори, им се случува со големо задоволство да застапуваат нечии политички идеи. Знам новинари кои биле под притисок и кои се труделе да го зачуваат професионалното ниво“, заклучи Андревски.

Тој исто така посочи дека дезинформации ќе си постојат исто како што постојат пеналите во фудбалот, општеството мора да може да бара начини да го намали нивното влијание.

„Не постојат лажни вести, или се вести или се лаги. Нема лажна вест, ако е вест, можеме да разговараме дали е професионално компонирана, дали соодветствува на фактите. Ако е лага, тогаш е производ на фикција. За лагите и дезинформациите на медиумите нема лек. Може само да се намалува нивното дејство и присуство“, истакна Андревски.

Тој на гледачите им препорача интелектуално да ги обработуваат вестите и информациите што ги добиваат, да видат дали тие се можни и точни и што им недостига. Андревски дополнително додаде дека гледачите треба да бараат логичко постоење на вистина од која произлегува некоја вест и да се информираат од повеќе медиуми за да можат да ја доловат вистината.

„Дезинформации ќе си постојат исто како што постојат пеналите во фудбалот, пенал постои и кога се игра во финале на Светско фудбалско првенство, пенал постои на Лига на шампиони. Проблемот е ако може општеството, а мора да може да бара начини што е можно помало да биде влијанието на дезинформациите во општеството и да влијае врз помалку битни процеси во општеството“, заклучи Андревски.

Tags: властдезинформациикомуникологМедиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ