• Latest

Антикорупцијата и животот

November 8, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Антикорупцијата и животот

November 8, 2018 09:47
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Само за патни трошоци, пет од седумте членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), потрошиле 2.319.031 денари во 2013 година. Прегледот на патните трошоци во останатите години е горе-долу ист. На почетокот на оваа година изби уште еден скандал, веднаш по оној со ДИК, па Комисијата поднесе оставка, со исклучок на двајца. Антикорупциска е обезглавена од март годинава. Зошто тоа е важно, ќе видите подолу. За што се работи?

Џабир Дерала

Архитектите на погромот и антикорупцијата

Архитектите на погромот врз демократијата и државата, правеле сѐ системот да има најмалку двојна намена. Да се обезбеди непречено крадење и злоупотреба на институциите и медиумите за да се замолчат неистомислениците, а воедно да се биде под радарот на меѓународната заедница.

Така се размислувало и кога се формирала ДКСК. Биле потребни членови на Комисијата што се послушни и спремни да го заштитат криминалот на Фамилијата, а да ја злоупотребат функцијата и да ги нападнат оние што се во црното тефтерче со непријатели. Во останатото време, ништо да не работат, затоа што има кој да работи – Секретаријатот, каде што работат вредни, скромни и посветени луѓе, чиј глас не се слуша и чии плати се околу 400 евра.

И додека администрацијата се полнеше со илјадна партиска солдатеска, интересно, оваа институција, што треба да биде во првите линии на борбата против корупцијата, има двојно помалку персонал отколку што е предвидено со систематизацијата. Од 51 работно место во Секретаријатот, пополнети се само 22. Да видиш, да не веруваш. Грујо го полнеше системот до последната дупка, а ваму оставил слободни повеќе од половината работни позиции.

Вработените побараа живот

И сега, кога се носи нов антикорупциски закон, вработените во Секретаријатот побараа повеќе (живот). Само во 2017, од јануари до октомври, исплатени се 393.327 денари за патни трошоци на Фарије Алиу и Сејди Халили. Како што ве информирав во претходните колумни за оваа корумпирана антикорупциска комисија, двајцата што не поднесоа оставки од ДКСК, Најдо Спасовски и Сузана Таскова Аџикотарева, ретко кога се појавуваат на работа. Но, плати и патни трошоци уредно си подигаат.

За тоа време, луѓето вработени во Секретаријатот врз чиј грб, всушност, и функционира оваа институција цело време, работат секој ден за скромни плати. Без посебни надоместоци за прекувремената работа кога мораат да пополнуваат или да прегледуваат стотици и илјадници формулари во една толку сензитивна област како што се антикорупцијата и судирот на интереси, под постојан притисок од рокови и од кабадаии во политиката што често им се јавувале во изминатите години.

Дури осум години за нив не било овозможено ни напредувањето во кариерата што е вообичаено за институциите. Блокирани на сите можни начини. Членовите на ДКСК предводени од Игор Тантуровски (кој сега ужива во својата мрсна (л)апанажа) биле исклучиво против било какво наградување на вработените во Секретаријатот, а над сето тоа, вообичаен бил грдиот однос и мобингот што го спроведувале во текот на своето владеење со институцијата во последните години на Режимот.

Луѓето од Секретаријатот биле повикани да помогнат и во креирањето на новиот закон за антикорупција и судир на интереси. Учествувале во речиси сите фази на подготовката на законот. До последната, кога требало да се скицираат нивните плати. Тогаш, не биле повикани. И сега, законот што треба да се стави пред пратениците деновиве, ги третира исто како и порано.

Милиони за чаушите, мизерни плати за вработените

Се сеќавате на сумата исплатена само за петмина од седумте во Комисијата? Преку два милиона денари за една година! Само двајцата што не поднесоа оставки до октомври потрошиле речиси 70.000 евра. За патни трошоци!

Пресметката што ја нуди синдикалната организација на Секретаријатот на ДКСК за покачување на платите е нешто над три милиони денари на годишно ниво. Но, тоа не е предвидено во новиот предлог закон, освен ако сега на тоа не се спротивстават пратеничките и пратениците и побараат, преку амандмани, да се исправи неправдата.

Ако решат тоа да го направат, јас би им препорачал нешто сосема друго: да ја разгледаат можноста на вработените во Секретаријатот да им дадат статус сличен на оној што го имаат, на пример, регулаторните тела и царината. Да им дадат повеќе од тоа! Таквиот чекор во многу нешта ќе ја подобри борбата против корупцијата и судирот на интересите.

И тоа не е крај на предлозите за подобра и поефикасна ДКСК, во која за вработените е обезбедена социјална правда, постојат уште предлози. Како да добиеме навистина независна ДКСК? Клучот не е само во платите.

Независност и практично помирување

Буџетот на ДКСК за 2019 година, според најавите, ќе биде 450.000 евра. Тоа е покачување од околу 100.000 евра во однос на претходните години. Во нив спаѓаат и некои 60.000 евра за одржување на електронскиот систем (оној подарениот од ЕУ, сѐ уште надвор од употреба). За споредба, буџетот на црногорската антикорупциска е 1,5 милиони евра, а на Словенија е 1,7 милиони евра.

Можеби треба да се размисли за овие бројки. И да се изгласа закон според кој буџетот на ДКСК ќе биде фиксен промил од годишниот буџет на државата, па така оваа институција ќе биде целосно независна од волјата на политичарите. Но, за тоа треба политичка волја. Па нека се зголемат и даноците за богатите уште повеќе! Но, за мојата поддршка на зголемување на даноците во следната епизода на Жолтко и Лутко. Да се задржиме на законот за антикорупција…

Еве еден повод за практично помирување меѓу левата и десната страна во пленарната сала на Собранието. На еднаква штета на сите што се склони кон корупција и судир на интереси, а во корист на јавните пари и на чесните политичари.

Државата (владата) не треба да штеди на борба против корупцијата. Попрво, на тоа треба да гледа како на инвестиција. Во институцијата што треба да го постави правецот во таа борба, треба да работат професионалци што ја знаат својата работа и што не се на работ на својата егзистенција. Тие треба да имаат пристап и кон знаења и постојана надградба на своите вештини, луѓе што ќе бидат чувари на јавните пари и ќе го спречуваат судирот на интереси. Во Секретаријатот има токму такви луѓе. Да се надеваме дека Собранието ќе изгласа чесни антикорупционери што ќе ги заземат фотелјите на Комисијата.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: администрацијаантикорупцијаДКСКзаконплатиСобраниесоцијална правда
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ