„Заедно со нашата стагнација во евроатланските интеграции се појавува еден феномен, што многу европски земји го научиле, а тоа е дека мултикултурализмот и духот на толеранција и заеднички вредности во општеството не се пренесуваат генетски од една на друга генерација и дека не се затвораат еднаш засекогаш. На нив треба да се работи постојано. Многу лесно земјите што имаат вакуум во некаква заедничка визија за иднината, споделени вредности, идеали или цели, лесно се враќаат назат на тој пат што за нас ќе биде предизвик во нардениот период“, изјави почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски, на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
„Нашиот капацитет да ги третираме нашите различности како поволност, а не хендикеп, е нешто што ќе мора да го научиме. Нашиот капацитет да оформиме заедничка иднина е, исто така, нешто што мора да го направиме. Затоа инвестицијата во ваков постојан дијалог и инклузивни политички, социјални и критички практики за нас се многу важни“, истакна Арсовски.
Аросвски потенцираше дека Луксембург останува силен поддржуваш на евроатланските аспирации на Северна Македонија со повик сите чинители во општеството да направат сè што е можно.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети