Но, она што остана како црна дамка е атакот на слободата на изразување, слободата на медиумите, правото на информирање и правото да се биде информиран. И не само во изборен контекст. Ограничувањето на овие права или поточно злоупотребата на истите, во борба против невидливиот непријател со маски, дистанца и растојание од 2 метра, ја засили секогаш присутната, барем во нашата земја, потреба од политичко поентирање на штета на граѓаните и нивната благосостојба во било кој сегмент од општественото живеење и делување.
Изборите поминаа, пандемијата остана и се засили уште повеќе.
Биљана Јордановска
– цитат оданализата „Човековите права и пандемијата: Кога слободата на говор заслужува приговор“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, 5 ноември, 2020 година.