Пред неколку години имаше неколку фактори кои придонесоа да се создаде правата Стратегија. Мене ме интересираше големата слика и бев учесник во сето тоа, и три фактори беа круцијални – имаше лидерство кое прифати ваков процес, имаше импулс од општеството. Општеството бараше промена. Импулсите се чувствуваа на кожа кога ќе излезете по улиците. Народот сакаше нешто ново, сакаше различно, се умори од авторитарноста на Никола Груевски и трето што е многу специфично и круцијално за создавање на таа стратегија е што се пронајдовме луѓе внатре од институциите. Имавме сила, желба и енергија за да создадеме нешто, вели поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов во однос настратегијата „Едно општество за сите“, на конференцијата на ЦИВИЛ „Различностите – благодат или проклетство“.
Што се случи потоа, тоа веќе друго прашање, кое кореспондира со вашето име на конференцијата, предизвици и перспективи. Тогаш имаше и предизвици, и перспективи. За жал, денес перспективите се намалија, поради различни причини.
Долгорочно гледано, образованието е можеби клучниот фактор перспективно, и ако успеете да ги воспитате младите генерации во духот на тоа што е живот околу нас, и вековен и сегашен, тука лежи тајната на тоа дали можете да успеете или не, во еден процес што трае многу години.
Д. Тахири
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски