„Сите органи што се избрани од Собранието, па дури и овој Судски совет што си има претставници од редовите на судиите кои самите на непосредни избори си ги избрале, нормално дека во дејствувањето си има свој легитимитет, интегритет и може да делува“, изјаив заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање за кредибилитетот на Судскиот совет да истражува за политички притисоци, како кај претседателката на Врховниот суд.
„Изминативе неколку месеци гледаме дека Судскиот совет делува, носи едногласни одлуки. Во однос на Врховниот суд, нема да коментирам, бидејќи неколку пати сум кажала ставови и одлуки на судовите нема да ги коментирам, бидејќи тоа е мешање на извршната власт во судската власт“, изјави Аврамовска Мадиќ.
Б. Ј.
камера и монтажа: Ариан Мехмети