“Вашата задача е да ги исполните критериумите за членство во ЕУ, но клучната работа во овој процес и во процесот на преговори е да се надградат државните институции во интерес на граѓаните. Предизвиците би биле да се промени менталитетот и начинот на кој се водат работите во државата. Придобивките би биле постигнување на претходните две и на крајот градење на стабилна и просперитетна држава за сите граѓани“, ијзави Данијела Баришиќ, Н.Е. Абасадорката на Хрватска, на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, организирана од ЦИВИЛ и МЦМС.
Баришиќ го сподели хрватското искуство во процесот за членство во ЕУ и предизвиците со кои се соочиле, посочувајќи на промените во законодавството и Уставот, но пред сè во информирањето и запознавањето на граѓаните со придобивките од влез во ЕУ.
“Во текот на целата информативна камања потребно беше да им објасниме на граѓаните дека нема да го изгубиме нашиот идентитет и дека нема да го изгубиме нашиот јазик и дека всушност тој е 24 службен јазик на ЕУ. Требаше да им објасниме дека странците нема да ни ја купат целата земја, море и слично, нема да се вратиме во некоја друга форма на нова Југославија, дека сè уште ќе си ја имаме нашата ракија, дека цените нема да скокнат до небо итн. … На крајот речиси 67% беа за влез во ЕУ“, изјави Баришиќ.
Хрватската амбасадорка посочи и неколку совети до Владата и Собранието во процесот на преговорите за членство во ЕУ и НАТО.
„Според нашето искуство кога ќе ја подготвувате стратегијата за преговори потребно е сите делови од општеството да бидат вклучени во нив, затоа што не го сочинуваат само Владата, министерствата или Собранието, туку сите ќе се приклучат на ЕУ… Клучно е да се воспостави рамнотежа меѓу политичарите и експертите…
Можеме да кажеме дека досега успеавме да го намалиме јавниот долг да го зголемивме нашиот рејтинг, може да се патува само со лична карта…
Можеби се работи само за перцепцијата, а Владата и граѓанското општество да бидат проактивни за да им објаснат на граѓаните кои се придобивките од членството во ЕУ“, рече Баришиќ.
„Можеби многумина би прашале која е алтернативата за ЕУ и НАТО, но првин треба да се види која е вашата политичка позиција. Со оглед на околностите и врз основа на целиот регион и геополитичката состојба на сите тие околности укажува дека ЕУ и НАТО се единственото решение ако сакате да имате придобивки за вашите граѓани и ако сакате да имате стабилна и просперитетна држава“, заклучи Баришиќ.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Маја Ивановска