• Latest

Бејли не се меша во работата на ДИК, Ванхауте ги охрабрува борците за демократија!

December 14, 2016
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бејли не се меша во работата на ДИК, Ванхауте ги охрабрува борците за демократија!

December 14, 2016 15:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По обвинувањата на одредени провладини медиуми, дека американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли се меша во работата на Државната изборна комисија (ДИК), се огласија со соопштение Бејли и американската амбасада во Скопје.

bejli-640x426-73964

„Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американски амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил ДИК, ниту пак, интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес, кој е отворен, транспарентен и одговорен. Ова вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони“, стои во соопштението од американската амбасада.

Поранешниот посредник во преговорите на политичките партии – потписнички на Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте,  им порача на партиите на етничките Албанци во Македонија, да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Според него, топката е сега во кампот на албанската заедница и тие ќе одлучат што ќе се случи следно на македонската политичка сцена.

354944-sobranieto-nosi-zakoni-a-ne-vanhaute

„Би сакал да им кажам на Албанците, ‘не трошете го своето време повеќе. Не учествувајте повторно во влада, каде сте целосно маргинализирани. Да, имате неколку министри, дури и заменик премиер. Но, за сите значајни одлуки, вие бевте неадекватни од вашиот коалиционен партнер. Каде се економските инвестиции во вашиот дел од државата? Што со инфраструктурата, училиштата, болниците, патиштата? Време е за промени, време е да се исправите за вашите права како заедница, време е повторно да започнете со работа на интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ова е за вашата иднина. За првпат, вашиот глас е одлучувачки, за секој граѓанин што живее во оваа земја“, порача Ванхауте.

Toj ja акцентира својата заложба, посветеност и подготвеност да ги поддржи преговорите со Грција, за решавање на проблемот со името. Зашто, со разумен народ, како што вели Ванхауте, „решение е можно!“

Белгискиот експерт е дециден дека Македонија заслужува нов почеток, со нова влада, нови лица на политичката сцена. Оние коишто сметаат дека можат да продолжат по авторитарни патеки, смета тој, дека грешат. Сите кои гласале за промени, според него, всушност, покажале дека се грижат за иднината на својата земја, дека сакаат да живеат во слобода, во просперитетна земја со иднина за себе и за своите деца. Овие граѓани, всушност, смета Ванхауте, имаа храброст да изберат демократија.

М. Талеска

Tags: АлбанциБејлиВанхаутеДоговор од Пржиноизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ