• Latest
Добро утро со Орданоски

Братучед му на Мугабе

November 20, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Братучед му на Мугабе

November 20, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]а се прашуваше Груевски, тој својата политичка кариера веројатно ја проектираше како онаа на Роберт Мугабе: партијата да ја претвори во движење, земјата да ја стави под комплетна политичка и економска контрола на таквото движење, на чело со него, а самиот на таквата позиција да доживее деведесет (и три) години (како Мугабе), пркосејќи на „странскиот фактор“ и апсејќи и тероризирајќи домашни „предавници“ до последен свој, а и нивен здив.

Да сме во Африка, можеби тоа на Грујо и ќе му појдеше од рака. Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година. Обајцата, конечно напуштени и од својата партија, оперетски ја завршуваат својата политичка кариера.

Не знам за братучедите на Мугабе, но братучед му на Грујо за последниве десетина години накрцкал такво богатство, што и само малиот дел од неговото набројување во последниот број на неделникот „Фокус“ зема десетина страници. Тоа е таа патриотска варијанта на голема љубов кон татковината, изброена во толку милиони евра колку што е неколкугодишниот дефицит на државниот буџет.

Нормално дека во оваа евро-африканска држава нема кој да го праша од каде му пари да стане сопственик на половина држава? Бидејќи, нели, и пред да влезе во политика, „он бил успешен бизнисмен“…

А од нас се очекува да расправаме за МПЦ, за односите со соседите, за компромисите за прием во НАТО и ЕУ, за интервјуто на Вице Заев, за Казандол, за заштитата на градежните работници и за платите во АРМ, за есенското загадување на воздухот и за посетата на диско клуб на Фатиме Фетаи. И ако може за врат да се фатиме за некои од овие теми, докажувајќи кај кого се посилни аргументите.

А тој, лабаво – додека ДПМНЕ е паднато на под 40 пратеници во Собрание – се пазари со СЈО да го признае делото за кое е лесно обвинет. И да го заборавиме за век и веков. Набрзо потоа и ќе си замине на многу поубаво место од ова, каде нема ни да го стигнат клетвите на овдешниве очајници.

Да не ве лаже никој: криминалот во оваа европска држава сѐ уште африкански се исплатува.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: АРМАфрикаВице ЗаевЕвропаЕУМакедонијаМПЦНАТОНикола ГруевскиРоберт МугабеСашо МијалковСЈОФатиме Фетаи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ