• Latest

Брифинг: Министерството за одбрана и Армијата се во забрзан процес на модернизација

March 31, 2023
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

Гутереш го повика Израел да го прифати „деталниот, принципиелен“ план за помош на ОН за Газа

May 24, 2025

САД се приклучи на осудата на министрите на Г7 за бруталната војна на Русија против Украина

May 24, 2025

Во израелски напад загинаа девет деца на лекар од Газа

May 24, 2025

Продолжува размената на затвореници: Во Украина вратени уште 307 воени заробеници

May 24, 2025
Фото: Скриншот

Русија извршила егзекуција на украински затвореници повеќе од 150 пати

May 24, 2025
Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите / фото: Ариан Мехмети / ЦИВИЛ

Апелациски го ослободи Шабан Салиу од притвор, се враќа во министерството без ресор

May 24, 2025

Германија и Франција во нон-пејпер до ЕУ бараат да ја реши кризата во БиХ и да го изолира Милорад Додик

May 24, 2025

Трамп се закани со 50 отсто царина за сите стоки од ЕУ

May 24, 2025

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Русија изврши воздушен напад врз Кијив рано утринава

May 24, 2025
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј

May 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ

Брифинг: Министерството за одбрана и Армијата се во забрзан процес на модернизација

March 31, 2023 11:46
in БЕЗБЕДНОСТ, ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„На дезинформациите се спротивставуваме со максимална транспарентност. Затоа, ве поканивме на овој брифинг за да ги претставиме сите детали за процесот на модернизација на нашата Армија, соодветно на НАТО стандардите“, изјави Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на почетокот на брифингот за медиумите во касарната Илинден, што се одржува во моментов.

Пред бројните новинарки и новинари се обрати и Началникот на Генералштабот на нашата армија, генерал Васко Ѓурчиновски.

Презентација за деталите на овој процес одржа Бригадниот Генерал Симеон Трајковски. Според него, модернизацијата на Армијата тече со засилено темпо. Дел од единиците опфатени со модернизацијата веќе добиле статус combat-ready според категоризацијата на НАТО.

Бригаден Генерал Симеон Трајковски

ЕУ предвидува 9.000.000 евра финансиска поддршка за одбранбените сили на Северна Македонија, информира бриг. ген. Трајковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, ген. Ѓурчиновски рече дека за неколку месеци се очекува и анализа со проценка на потребите од набавка на беспилотни летала.

Генерал Васко Ѓурчиновски

„Италија, Сад, Германија, Франција се земји од каде што ќе бидат набавени нашите нови хеликоптери. Не сме сами. САД сериозно ќе ја поддржат нашата земја и финансиски во процесот на модернизација, без оглед на изборот на земјата на потекло на оружјето. Затоа, ова е одговорна и патриотска одлука на нашето политичко раководство“, изјави генералот Ѓурчиновски.

„САД ѝ помогнаа на нашата земја со 164 милиони долари во претходните 30 години, а само минатата, 2022 година, добивме помош од 136 милиони долари“, информира Министерката Петровска.

Според информациите од Министерството за одбрана и армискиот врв, според стратешкиот план за модернизација подготвен во 2019 година, а ревидиран по нашето зачленување во НАТО во 2020 година, до 2032 година се предвидуваат околу 930 милиони евра во одбраната. 

„Воената помош на Северна Македонија за Украина е во вредност од 24, но не повеќе од 30 милиони евра“, информира Петровска.

„Генералштабот во целост ја поддржува одлуката за воена помош на Украина. Тоа е помош на земја што е напдната и треба да се брани“, додаде Ѓурчиновски.

Брифингот е во тек. Повеќе информации за деталите на модернизацијата на Армијата може да се очекуваат во текот на денот.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АрмијабрифингМинистерство за одбранамодернизација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ