Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Валандово, Богданци и Гевгелија за големиот мултимедијален настан во Струмица на 11 август, можат да се пријават на 02/5209176 или на [email protected].
Автобусот во Гевгелија ќе ги чека посетителите од 16:45 кај паркингот „Солун 53“, а оттаму поаѓа во 17:10 часот. Во Богданци автобусот ќе ги чека заинтересираните од 17:30 до 18 часот кај автобуската станица, додека во Валандово од 18:30 до 19:00 часот пред „Сани маркет“. Посетителите ќе пристигнат во Струмица нешто пред почетокот на концертот во 20:00 часот, а ќе бидат вратени во своите градови, веднаш по неговото завршување во 23:00 часот.
Граѓан(к)ите 0д овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на 02/5209176 или на [email protected], или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (среда 10 август) ќе бидат поставени во Валандово и Богданци од 14 до 16 часот, како и во Гевгелија, на градскиот плоштад од 17 до 20:00 часот.
Во состав на програмата на големиот мултимедијален настан во Струмица ќе се одржи дебата со поетот и новинар Ѓорѓи Калајџиев, активистката Ленче Христова и професорката Мирјана Најческа, поетско-сценски перформанс на поетите Ѓорѓи Калајџиев, Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа, уметнички работилници и изложбата „Слобода во боја“ на Митко Тошев, Калиопи Босиљанова и Ана Божијанова. За добра забава и за музика на слободата ќе се погрижат бендовите Мугер Фугер (Mooger Fooger), Сетстет (Sethstat), Уајп аут (Wipe out) и ди-џејот Тед Детман (DЈ Ted Dettman).