• Latest

Бесплатен совет до делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

December 21, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бесплатен совет до делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

December 21, 2017 17:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашната партиска врхушка на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски потроши илјадници евра народни пари и пари од „партиската членарина“ по разни белосветски лобисти и советници кои за големи пари требаше, со своето лобирање и совети, да го спасат ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт. Овие белосветски хокштаплери и мешетари добро знаеа дека ништо не може веќе да го спаси бродот што тоне, а знаеа и дека услугата им се плаќа од нечесно стекнати пари, па сепак дебело си го наплатија својот ангажман однапред осуден на неуспех. Некогаш и многу пари не можат да помогнат. Затоа пак еден добронамерен бесплатен совет може некогаш да биде многу драгоцен. 

пишува: Перо Наумовски

Мојот совет е делегатите на конгресот да ја отфрлат оваа апсурдна, глупава и недемократска статутарна процедура за избор на претседател, смислена и наметната од досегашната партиска врхушка која и ја доведе партијата на ова дереџе. Каква е таа процедура која ги фаворизира само оние кандидати кои сами се пријавуваат и трчаат од делегат до делегат и ги молат за потпис и водат внатрепартиска кампања во тајност далеку од очите на членството,симпатизерите и јавноста? Па така на само два дена до конгресот членовите на партијата и јавноста не знаат кои се кандидатите. Една современа демократска десница, по примерот на сестринските народни партии од Европа , мора да има далеку подемократски процедури и постапки за избор на партиско раководство. Таа постапка покрај самокандидатурата на одредени амбициозни членови мора да овозможува и иницијативи и предлози од партиската база од општинските организации. Кандидатите треба да настапат пред партиската база и пред јавноста со свои програми и со свои тимови со кои ќе ги реализираат тие програми. Па нели ВМРО-ДПМНЕ секогаш се фалеше и инсистираше на програми и кадровски решенија кои успешно ќе ги реализирааат тие партиски политики.

Доколку, сепак, на претстојниов конгрес делегатите направат лош избор тоа во иднина може да предизвика далекусежни негативни последици и за партијата но и за државата. На Македонија и е потребна демократска проевропска десница по примерот на ЦДУ.

Во спротивно ќе продолжи неславната традиција на лоши и избрзани политички одлуки и лоши кадровски решенија толку често практикувани од политичките партии во повеќепартискиот систем од осамостојувањето до денес. Во продолжение ќа го аргументирам ова мое тврдење со неколку карактеристични примери.

Во периодот пред парламентарните избори во 1998 година веќе беше извесно дека ќе дојде до промена на власта. Охрабрени од резултатите и победата на локалните избори во 1996 год, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДП на големо преговараа за предизборна коалиција. Апетитите на раководството ВМРО-ДПМНЕ стануваа се поголеми, а ДП на Петар Гошев свесна за кадровскиот потенцијал со кој располагаше како и со одличната политичка програма која ветуваше големи реформи во целото општество, а особено во економијата бараше рамноправен партнерски третман во коалицијата. За да го заземе целосно политичкиот центар, а со тоа и да ги подобри преговарачките позиции со ВМРО-ДПМНЕ, ДП се спои со Либералната партија на Стојан Андов во нов политички субјект ЛДП. Либералната партија беше во кома, откако Бранко Црвенковски и Ѕинго просто ги набркаа од владеачката коалиција. Во тој политички брак ДП ги врати буквално во живот поранешните реформисти на Анте Марковиќ и младите скоевци сега преправени во ѓоамити вистински либерали и влезе во новата партија со политички габарити предводени од Петар Гошев, Ѓорѓи Марјановиќ,Тома Чакулев, Александар Тортевски, Богомил Ѓузел,Славко Петров и политичките надежи Ристо Пенов,Јово Манасиевски,Андреј Жерновски, Радован Стојкоски,Трајко Славески и Лиле Попоска, а Стојан Андов во мираз ги донесе Слободан Данески, Ристо Иванов, Панчо Минов, Стефчо Јакимовски и надежната Ангелка Пеева Младеноска Лауренчиќ…..

Како одговор на ова политичко окрупнување на политичкиот центар Љубчо Георгиевски веднаш ја прифати понудата од новоформираната ДА на Васил Тупурковски. Знаеме како заврши катастрофално по политичката кариера на Љупчо Георгиевски, по ВМРО-ДПМНЕ па и по државата оваа непромислена и брзоплета авантура со ДА. ЛДП исто така лошо помина на тие избори и практично од тогаш па се до денес трае падот на ЛДП како политички субјект иако се обиде и со левите и со десните опции па дури се обиде еднаш самостојно да се опроба но без успех.Сега ЛДП е еден од многуте политички приврзоци на СДСМ со послаба улога во коалицијата дури и од НСДП на Тито Петковски која е една од најголемите виновници за губењето на власта на СДСМ во 2006 год.

Еве уште еден типичен пример. Бранко Црвенковски им го наметна на сопартијците Стефчо Јакимовски како голема политичка ѕвезда во преоден рок и со тоа навреди и омаловажи многу видни членови на СДСМ особено во Скопје. Но изостана вистинска реакција помеѓу членството затоа што сите се плашеа од авторитетот на Папата нели. Видовме како неславно заврши политичката кариера на Бранко Црвенковски, а партијата доживеа колапс.

Воопшто, лошите кадровски решенија карактеристични уште од времето на поранешната држава, а особено по осамостојувањето на Македонија во многу придонесоа за забавениот развој на демократските процеси и побрзо приклучување кон евроатланските структури.

На Македонија сè уште насушно и се потребни политичари реформатори, демократи, просветители затоа што самопрокламираните технократи, опортунистите, популистите, демагозите, националистите, видовме до каде ја дотераа државата.

Затоа мој совет е да не се брза по секоја цена само да се избере било какво решение. Подобро да нема избор отколку да се избере решение кое ќе ги задоволи можеби интересите на партиската врхушка, но нема да биде добро решение за иднината на партијата и државата.

И на крај еве и два предлога за кои вреди членството да дебатира и да проценува дали се добри решенија. Доколку преферирате тоа да биде човек модерен политичар кој потекнува од ВМРО-ДПМНЕ и ги поминал сите партиски скалила на градење кариера мој предлог е Никола Димитров, а доколку пак преферирате идниот лидер сепак да биде некој кој ја поминал политичката академија на ЛДП мој предлог би бил Трајко Славески. Размислете.

Tags: ВМРО-ДПМНЕконгреслидерНикола ДимитровпредлогСоветТрајко Славески
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ