Еврокомесарот Јоханес Хан, утрово ја започна посетата на Скопје со средба со премиерот Емил Димитриев. Нема никакви детали од средбата.
Хан на Твитер објави фотографија со премиерот.
Во описот на фотографијата Хан го најави и денешниот состанок со министрите од земјите од Западен Балкан на конференцијата за зајакнување на енегретската поврзаност.
Предвидено се средби и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со вицепремиерот Владимир Пешевски, по што тројцата ќе одржат заедничка прес – конференција, пренесуваат дел од медиумите.
Се очекуваат и поединечни средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.