Еврокомесарот Јоханес Хан во среда ќе пристигне во Македонија и в четврток ќе разговара со политичките лидери, потврди Брисел.
Според најавите, Хан ќе присуствува на министерскиот состанок за енергетика на кој ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. На маргините на состанокот, Хан ќе оствари билатерални средби со политичките лидери во Македонија.
Посетата на еврокомесарот следи по серијата високи тонови упатени на релација Скопје – Брисел, првично со пораките од ВМРО – ДПМНЕ, кога партијата побара Комисијата да даде поопширно објаснување на терминот „широка коалиција“.
Група македонски интелектуалци и универзитетски професори испратија отворено писмо во кое остро ги осудија нападите врз западните дипломати во земјата, особено нападите упатени кон амбасадорот на САД, кон ЕУ и кон потпаролката на Европската комисија.