• Latest

Хаос во системот, на локални избори ќе одиме неподготвени!

May 15, 2017
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хаос во системот, на локални избори ќе одиме неподготвени!

May 15, 2017 13:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога веќе требаше, регуларно, да бидат завршени локалните избори, денеска, завршува мандатот на градоначалниците и на советниците на општините, а допрва, треба да се одредува датумот. Локалните избори се одложени поради политичкото насилство и блокадата на системот и институциите.

Парламентарните политичките партии „се координираат“ околу датум за локалните избори, а доколку се согласат, може веднаш да се одржи собраниска седница за измени на законите со кои би им се продолжил мандатот на градоначалниците, или да се регулира работата на општините на друг начин. Во моментов, системот е закочен.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) во неколку наврати апелираше за итно решавање на состојбата на локалната самоуправа, изразувајќи загриженост за нормалното функционирање на општините.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во повеќе наврати предупредуваше на големите пропусти во текот на изборниот процес во 2016 година и во постизборниот период. Наспроти опширниот извештај од изборниот мониторинг и бројните соопштенија и анализи на ЦИВИЛ, во кои се укажува на недостатоците и се бара акција за нивно надминување, ревизија и одговорност од одговорните институции и функционери, не се презеде ниеден релевантен чекор до денешен ден.

„Го закочија системот, извршија дивјачки напад и се обидоа да убијат пратеници, го опструираат формирањето на влада, ја попречуваат работата на СЈО и на правосудството, водат валкани кампањи во и надвор од земјата, а сега, се обидуваат да внесат дополнителен хаос во системот, со цел – да продолжат со манипулација на волјата на гласачите во пресрет на локалните избори. ДИК сè уште молчи за тешките пропусти, а веќе ни подготвува нов циркус од избори. Во комбинација со опструкциите и триковите кои ги прават поразените партии и институциите кои се под нивна контрола, не можеме ништо добро да очекуваме од претстојниот изборен процес. Едноставно, системот е во хаос, а на локални избори, како што стојат работите во овој момент, ќе одиме потполно неподготвени!“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Тој во колумната објавена на 11 мај во Плусинфо и во ЦИВИЛ Медиа напиша: „Фантастично добро платената и супер-партизираната Државна изборна комисија молчи точно пет месеци по срамниот неуспех да придонесе кон спроведување слободни избори. Наместо да биде дел од решението, ДИК (о)стана најголем дел од проблемот.“

Минатата недела ДИК го стави Избирачкиот список на јавен увид на граѓаните за измена, дополнување или бришење на нивните податоци, а на 12 мај и со Збирен месечен извештај за спроведени промени во Избирачкиот список за месец април 2017.

Биљана Јордановска

Tags: градоначалнициДИКизбирачки списокизвештајлокални избориСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ