Н1 ја пренесува годишната конференција на Владимир Путин, касапот на Украина, убиец на деца, уништувач на меѓународното право, непријател на Европската унија. Ја пренесува во живо иако е програмирана пропаганда од Москва, приспособена за психолошко програмирање на широките народни маси надвор од Русија, објави Адвокат Чедомир Стојковиќ на својот профилот на Икс.
N1 prenosi godišnju konferenciju Vladimira Putina, kapsapina Ukrajine, ubicu dece, uništitelja međunarodnog prava, neprijatelja Evropske Unije. Prenosi to uživo iako se radi o programiranoj propagandi Moskve, prilagođenoj za psihološko programiranje širokih narodnih masa van… https://t.co/NMPPdrW6IP
— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) December 14, 2023
Н1 никогаш не емитувал во живо прес-конференција на претседателот на САД. НИКОГАШ, тврди Стојковиќ.
Н1 ја шири пропагандата на Москва со директно емитување на пропагандните небулози на Путин, а во исто време отворено одбива да ги емитува изјавите на политичката листа „Србија на Запад“, која е единствена со отворено антипутин наративи.
Крајно време е меѓународните соработници на „Н1 Србија“ да се запрашаат дали им треба нова телевизија во Србија, смета Стојковиќ.
Д. Мишев