Решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение, оцени високиот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, пренесува МИА.
„Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега, истакнал заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Брајан Ји во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.
Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот во НАТО.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.