• Latest

ЦИВИЛ го осудува насилството на полицијата

July 12, 2016
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ го осудува насилството на полицијата

July 12, 2016 10:34
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода  најостро го осудува користењето прекумерна сила од специјалците на МВР кои за време на вчерашниот протест на Шарената револуција насилно го оневозможија правото на протест на илјадниците демонстранти кои протестира против новата еврообврзница и енормното задолжување од 650 милиони евра.

ЦИВИЛ реагира на синоќешното насилство, кога специјалните единици на МВР со чадна бомба, со физички напад врз активисти, меѓу кои и врз еден од поекспонираните шарени револуцинери Павле Богоевски, и со воден топ што во еден момент беше подготвен за користење, се обидоа да го „чуваат“ Министерството за финансии од своите сограѓани. А специјалците кои не беа зафатени со тепање демонстранти, ги снимаа и фотографираа учесниците во протестите!

Полициските сили не им дозволуваа да си заминат дома ни на станарите кои живеат во зградите во близина на Министерството и ја попречуваа работата на новинарите.

Примената на сила не е нова и директно е во судир со Уставот и меѓународното право со кои се гарантира правото на протест. Ова континуирано насилие на полицијата е неприфатливо и крајно алармантно!

Сила се користеше и против студентите кои не сакаа да дозволат нелегитимен избор на претседател на Студентскиот парламент, насилно беа апсени и активисти на самиот почеток на протестите на Шарената револуција, повредени беа новинари, а листата не завршува тука…

Едно е јасно! Притисоците и уцените врз активистите, апсењата и насилните испади на припадниците на МВР и на специјалните единици, нема да ги запрат граѓанките и граѓаните да се борат за своите човекови права и слободи.

Затоа, ЦИВИЛ уште еднаш упатува остар протест против насилството на полицијата врз мирни демонстранти и ги потсетува полицајците дека имаат законска обврска да ја штитат безбедноста на сите граѓанки и граѓани, а не да ги тепаат. Ги потсетуваме полицајците дека имаат законско право да не почитуваат команди кои се противзаконски.

Tags: МакедонијанасилствоосудаполицијаПритисокПротестсоопштениеспецијални единициЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ