• Latest

Да не се лажеме, не излажавте!

December 9, 2017
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да не се лажеме, не излажавте!

December 9, 2017 11:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од архивата на Цивил – 01.07.2017

Лето 2017, горештините почнаа паралелно со жешките обвиненија и барања за притвор  од Специјалното јавно обвинителство за долгогодишните криминалци кои владееjа со земјава и подземјето, на денот од истекувањето на рокот за поднесување обвиненија од СЈО. Долгоочекуван настан од целата македонска и меѓународна јавност, којшто се следеше со огромно внимание од сите нас. По спектаклот од прес-конференцијата на СЈО, граѓаните со различни толкувања и впечатоци, величења и потсмевања, верба за конечна правдина, и голем степен на скепса. Обвиненијата паднаа, барањата се доставија, Кривичниот суд си ја „тера’ работата како жена што е поканета на некоја свадба, а не ѝ се оди, ама мора да оди, и ќе измисли куп причини за неодење, и пречки за одење. Очекувано.

пишува: Дијана Тахири

Во меѓувреме, господинот Груевски, во својот последен говор по обвиненијата, меѓу другото, ги нарече граѓаните што протестираа против неговиот режим – уличари. И, граѓаните се навредија. Толку многу се навредија што решија да го тужат. Меѓу граѓаните што господинот Груевски ги нарече уличари, спаѓам и јас, и моето семејство. Уличаревме добри две години, заедно со другите уличари, според Груевски, но, за чудо, не се почувствував нималку навредена. Господинот Груевски со самото свое  долгогодишно постоење на политичката сцена, е навреда за сите нас. Таквото негово постоење му го овозможи поранешната опозиција, а сега власт. Таквото негово постоење, по завчерашниот прес, му го овозможи и нашето скапоцено, сакано и милувано СЈО, со одолговлекувањето на поднесувањето на кривични постапки. Тоа е првата навреда кон граѓаните што уличареа против него.  Втората навреда, за, како што произлегува од реакциите, односно од отсуството на каква било реакција на голем број граѓани, исто така уличари, а дел од граѓаните, е селективниот пристап на господинот Заев во објавувањето на прислушуваните материјали, и селективноста на СЈО во истражните постапки и следствено, подигање обвиненија за истите прислушувани материјали од селективната листа на господинот Заев. Според ова, голем број граѓани се селективни во барање правда, односно, имаат нула интересирање за нешто, што мислат дека не ги засега, или, навистина не ги интересира.

Летово ќе биде во знак на мошне депресивна политичка „ослободителна“ сцена.  Заев, во улога на Македонски Исус, со двата образа на мегдан, веројатно ги има уште неколку штом така лесно ги дава на шамарање на очиглед на цела јавност, којашто очекува дека конечно Груевски и компанија ќе одговараат за своите злодела, додека за Ахмети и компанија одамна стана јасно дека не само што нема да одговараат, туку и дека присно ќе се договараат со Заевци, Ради и останатите ослободителни компоненти на новата Влада. Господинот Зиадин заедно со господинот Села, набргу ќе влезе во заборав кај многумина што видоа некаква нова надеж кај него, како што се заборави во копањето непотребни ситнопесочни ровови во облик на неколку позиционирања од низок ранг, и едно министерско на прилично висок, кое можеби, можеби и ќе потрае ако не изгори од мноштвото блицеви од фотографирање на секое трепкање на новиот министер за здравство (за неговата стручност во неговата професионална сфера секоја чест, но за ефективноста во санацијата и новото градење на темелно разурнатото здравство, тоа е помалку од доволно). Со далечна искра на надеж дека ќе успее до некој степен да го среди својот ресор, но само и само, доколку се ослободи од новата друштвена околина. За да се докрајчи во очите на јавноста која почна да покажува одобрување за неговото присуство на политичката сцена, секако пред да реши да влезе во Владата, господинот Села се налути на Катица Јанева и на нејзиниот тим, затоа што не го актуелизира случајот „Монструм„. Истиот случај за кој господинот Заев за време на долгите протести на граѓаните, ветуваше неколку пати по ред, дека ќе ги објави прислушуваните материјали, дури во неколку наврати изјави дека за тој случај лежат невини луѓе во затвор. Како што вети и за случајот на Мартин Нешковски, „Сопот„,  Младенов, и други. Господинот Села своеволно стана член на оваа Влада, знаејќи ги сите маани на нејзиниот состав. Така што, неговото лутење ке го сфатиме како невешта глума. Има ли поголема навреда за граѓаните? Добро, за дел од граѓаните… Министерството за култура…, многу некултура и партиски вгнездени стари птици, кои нема лесно да се тргнат од комоцијата и бонусите од позициите на донесување одлуки и други одлучувања, за кои до скоро си го имале приматот, освен ако им се одземе (некако) таа моќ… Беса, во тешка опозиција со самите себе, без трунка развој во своите гледишта и говори, суви како босански брикети што веднаш ги пали чкорче ќибрит, и уште побргу стануваат пепел, додуша невидлив. Испаруваат.

СЈО, ќе повторам, не престануваат да изигруваат мировна мисија на СДСМ, или можеби на некој друг. Се чека нов состав на ОЈО? Да видиме, и ќе видиме. Во меѓувреме, Хановци и Прибевци ги прочешлаа министерствата, со редок чешел. Требаше да им купиме чешел за гниди! Сепак, ќе треба да ни дојде на посета господинот Хојт Ји, пред избори.

На 25 јуни, пред една година, почина четиригодишното момче Алмир од Куманово. Го прегази со автомобил еден насилник. Последното судско рочиште е повторно одложено, овој пат адвокатот на обвинетиот имал приватни обврски.

Куманово, 26, јуни 2016, протест поради смртта на малиот Алмир

За кого ќе има правдина? Кој ќе ја спроведува? Дали борбата за слобода вреди само за одредени борци, па според тоа вреднување, следат и одредени позиции во новата власт? Дали навистина мислите  дека сме конечно слободни? Или, само се сменија актерите. Дали ни треба Најспецијално Јавно Обвинителство што ќе го надгледува Специјалното Јавно Обвинителство? Или ќе треба да се формира Народен суд, составен од вешто игнорираните гласови за совесност и еднаква правдина?

Сите „господи„ споменати во ова писание, успешно го градат патот кон тој суд.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „уличари“Зиадин СелаЗоран ЗаевколумнанеправдаНикола ГруевскиреформиСЈОслободасудствоУбиствошарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ