• Latest

Дачиќ: Нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните

September 16, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Дачиќ: Нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните

September 16, 2023 17:11
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот аеромитинг на кој покрај македонската и српската авијација учествуваат и цивилното и военото воздухопловство од Република Италија, Република Грција и други земји е јасен показател за интересот на државите, стопанствата и граѓаните од овие подрачја за воспоставување на уште подобри меѓусебни врски, но и за свеста за заедничката одговорност во зачувувањето на мирот и безбедноста како предуслови за забрзан економски и општествен развој, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на одбележувањето на 100-годишнината од македонската авијација што денеска се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ кај Скопје.

Одбележувањето на 100-годишнината од македонската авијација во Скопје е добра прилика да ги ставиме во погон сите неискористени потенцијали кои без сомнеж постојат за натамошен уште посестран и обострано корисен развој на нашите односи. Нашите две земји имаат братски односи, како и одлична соработка во рамките на иницијативата Отворен Балкан и на другите регионални форуми, истакна Дачиќ.

Со денешниот настан, додаде, ќе пратиме политичка порака дека нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за по просперитетна иднина на нашите граѓани.

Србија и српскиот народ му посакуваат многу среќа и успеси во се што сакаат на македонскиот народ и на сите други граѓани на Република Северна Македонија и да даде Бог на овие простори да не летаат воени авиони со воени задачи, туку се да биде во рамките на аеромитинзи за луѓето да можат да уживаат во мирот и просперитетот. Ви сакам се надобро и забрзан пат во ЕУ, порача Дачиќ.

Посочи дека во подготовките за одбележување на јубилејот учествуваше и Министерството за одбрана на Србија кое не организаторите на аеромитингот им ја отстапи едрилицата „Илинденка“, прво летало произведено на македонска територија во 1955 година според проект на познатиот српски инженер Милош Илиќ.

Илинденка на симболичен начин сведочи за блиската поврзаност на нашите две земји и во областа на воздухопловството, рече Дачиќ.

Нагласи дека македонските граѓани на денешниот аеромитинг ќе можат да се запознаат и со современите капацитети на Военото воздухопловство и против воздушната одбрана на Војската на Република Србија преку акробатскиот лет на школскиот авион „Ласта“ и хеликоптерот Н145М, како и со прелетот на два суперсонични авиони МиГ 29.

Tags: аеромитингДачиќМакедонијаСрбијаСтенковец
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ