• Latest

Дали опасноста од тероризам ќе се зголеми со влезот во НАТО?

February 10, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дали опасноста од тероризам ќе се зголеми со влезот во НАТО?

February 10, 2018 18:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Опасноста од тероризам се зголеми експоненцијално во светот. Ако ги погледнете инцидентите и случаите на тероризам, ќе видите дека притисокот е врз земјите членки на НАТО, но далеку дека е само врз нив. Се работи за глобален феномен. Според анализите на земјите членки на НАТО, најоглемите ризци од тероризам се наоѓаат многу далеку од нивните граници“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекринска, на прашањето дали со членство во НАТО ќе се зголеми или намали опасноста од тероризам.

„Дали опасноста од тероризам ќе се зголеми со влезот во НАТО?“ – беше едно од прашањата кои ги постави Џабир Дерала од ЦИВИЛ, на панел дискусијата „Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“ во организација на ЦИВИЛ.

Министерката за одбрана изјави дека еден од аргументите што треба да го искористиме и за наше членство е тоа што Македонија се наоѓа во еден регион низ кој минуваат канали врзани со екстремни идеологии и тероризам.

„Во тој дел информација и од наша страна може да биде плус за НАТО безбедноста. Меѓутоа, битно е нашите институции да се развијат“, изјави Шекеринска.

„Никој не е заштитен, за жал, од тероризмот. Но,токму поради чувството на сигурност, поедноставно е да имате некој покрај вас, отколку да сте сами“, изјави Данијела Баришиќ, амбасадорката на Хрватска.

Баришиќ кратко потенцираше дека влезот во НАТО нуди можност за превенција од тероризам преку размена на информации и добивање однапред јасна слика за опасноста од тероризам.

Сашо Орданоски, политички аналитичар, се согласи дека темелот во борабата против тероризмот е во доброто разузнавање. Следејќи ги реформите на македонската тајна служба, Орданоски смета дека е изгубено драгоцено време дебатирајќи за опасноста, во период кога самата служба беше злоупотребена за политички цели.

„Ние не можеме да ја надминеме таа визура што ја имаме и да влеземе во вистинска дебата за реформите, затоа што уште ја чуствуваме таа тајна служба како домашна закана. Она што нас ни престои е сериозна дебата како нив да ги реформираме“, изјави Орданоски, кој како учесник на таа дебата за реформирање на тајните служби, потенцираше дека процесот уште не е почнат како што треба, а законот треба да се изгласа до октомври оваа година.

„Што правиме со реформите токму на ова ниво? Го имаме претседателот кој ја има контролата токму врз оваа служба, кој можеби не официјално, одбива да биде вклучен во оваа потемелна реформа. Од друга страна таа реформа ни е предуслов за понатамошен влез, пред сè во НАТО, но и во ЕУ. Јас навистина апелирам да се ослободиме од тој комплекс тајна служба- Мијалков, и да почне да се занимава со тоа што им е работа. Тие се тука за да не заштитат од тероризам. Тоа јавноста мора да го разбере“, истакна Орданоски.

Стево Пендаровски, назначен за национален координатор за НАТО, истакна дека ние сме во најпроблематичниот регион во светот од кај што може да ни дојде тероризам со религиозна основа.

„Утре да станеме полноправна членка во НАТО, нема да бидеме поголем таргет, отколку што сме денеска. Скоро дваесет години сме таму, од кај што потекнуваат тие проблеми и самото членство нема да стане ризик плус за тероризам“, изјави Пендаровски потсетувајќи дека наши луѓе работат на мисии во Авганистан, Ирак  и други земји од каде во најголем број случаи потекнува религиозниот тероризам и никој не ја перцепира Македонија како клучна за некакви терористички цели.

„Проблемот настанува со нашите луѓе од Македонија и регионот, што учествуваат во тие војни и кога ќе се вратат можат да направат таков проблем. Притоа ако направат некаков проблем тоа ќе биде поради домашни мотиви. Но, тоа нема врска со членството во НАТО“, рече Пендаровски.

Говорниците, во контекст за членството на Македонија во НАТО и опасноста од тероризам, како последица на влегување во сојуз што се перцепира како воена структура, пред сè, се обидоа да ги минимизираат и да ги расчленат причините и последиците за и против ваквиот чекор на земјата секој од свој агол и функција.

Она во што сите се согласни е дека НАТО може да помогне, но не и да ја рангира Македонија повисоко на црната листа на терористички напади.

Глобалниот тероризам, според одговорите на говорниците, бара глобално решение, а влезот во НАТО, само може да придонесе и во заштита од и во борабата против тероризмот.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента

Tags: Данијела БаришиќНАТОРадмила ШекеринскаСашо ОрданоскиСтево ПендаровскитероризамЦивил
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ