• Latest

Давитковски: Имплементацијата на Нацрт–стратегијата зависи од волјата на политичарите!

September 13, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Давитковски: Имплементацијата на Нацрт–стратегијата зависи од волјата на политичарите!

September 13, 2017 10:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт-стратегијата за реформи на правосудниот сектор со Акциски план од вчера се ставени на увид на јавноста, а Работната група при Министерството за правда, при презентацијата во Охрид, посочи дека се констатирани големи проблеми и предложени бројни солуции за нивно надминување. Меѓу членовите на Работната група, постои оптимизам, но сепак, професорот д-р Борче Давитковски, за ЦИВИЛ Медиа потенцира дека со Нацрт – стратегијата има солидна основа за реформи, „но како таа ќе се операционализира, тоа ќе каже политиката“…

Документот кој се однесува на период од четири години од 2017 до 2021, предвидува подобрување на условите за работа на судиите и на јавните обвинители, распределба на судските предмети без надворешни влијанија, избор и унапредување на судии и на јавни обвинители и законски измени…

Се предлага и продолжување на работата на СЈО, како посебно одделение во Јавното обвинителство на Република Македонија, со проширена надлежност за гонење на кривични дела со висок профил на корупција, со пред две години укинатиот Закон за лустрација да бидат поништени мерките преземени против лустрираните лица, со цел нивна општествена рехабилитација и заштита на личниот интегритет и достоинство, укинување на Советот за утврдување факти и одговорност на судиите и Вишиот управен суд, намалување на бројот на судии и основни судови во државата, промена на начинот на избор на судии и јавни обвинители, како и одговорност на членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, кои досега беа „недопирливи“.

Според соговорникот на ЦИВИЛ Медиа, професорот д-р Борче Давитковски, Нацрт-стратегијата во ваков формат, делумно може да се имплементира, зашто еден нејзин дел е поврзан со носење на двотретински закони, чие усвојување ќе зависи од волјата на политичарите во актуелниот состав на македонското Собрание.

„Треба да се биде реален, согласно со составот и структурата на парламентот: позиција – опозиција, мислам дека за многу работи, не ќе може да се постигне двотретинско мнозинство. На пример, Законот за судови, Законот за кривична постапка, не би можеле да се донесат, би можело само во делот на Судскиот совет“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, професорот Давитковски.

Оваа Нацрт-стратегија како што вели Давитковски, е само визија за реформи за следните четири години,  и добро е да остане запишана. Документот првин треба да биде усвоен од Владата, а потоа, во парламентот.

„Каква ќе биде судбината, согласно со македонските ситуации во изминатите 25 години… Сум пишувал преку 130 закони во Македонија, а кога ќе се донесе законот, не можам да го препознаам… Идејата на стратегијата е добра, треба нешто да се реформира, да се спроведе, а политичката волја…, тоа не зависи од мене. Но, базирана е на препораките што последните 3-4 години ни ги дава ЕУ, имаме неколку пресуди на Судот за човекови права во Стразбур контра Македонија, има шест пресуди што се исто така битни. Така што, со Нацрт – стратегијата има солидна основа, но како ќе се операционализира, тоа ќе каже политиката“, дециден е д-р Давитковски.

Моника Талеска

Tags: Академија за судии и обвинителиБорче ДавитковскиЕУлустрираниправосудствоПрибереформиСЈОСтразбурСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ