Јавниот настан „Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда“, организиран од коалицијата „Граѓаните за Македонија“, ја отвори Марјан Забрчанец кој ги образложи двете теми за кои се зборуваше на дебатата, слободата, демократијата и човекови права од една страна, и сиромаштијата, економијата, социјалата и секојдневната живеачката, од друга страна, и ги наведе како причини за масовното иселување на граѓанките и граѓаните од Македонија.
Првата панел-дискусија беше на Мирјана Најчевска, универзитетски професор, која наведе неколку предуслови за поголемо граѓанско учество, пред сé, подготвеноста на граѓаните да ја почитуваат и прифатат различноста, но и слободата да го кажат мислењето, тогаш кога сите сметаат дека треба да се молчи.
Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас Цивилис, зборуваше за потребата од вмрежување на невладините организации за поголем одзив меѓу граѓанките и граѓаните, но и реагираше на потребата од 1.000 отписи за регистирање на политичка партија, зашто, според него, доволно се и 20 потписи на граѓани.
Во изборен контекст, за тоа што сé е потребно за да се надмине политичката криза во Македонија, и да се овозможат услови за слободни, фери демократски избори, зборуваше Биљана Еверет. Таа, како претставник на ЦИВИЛ – Центар за слобода, го прочита излагањето на оправдано отсутниот Џабир Дерала, во кое се потенцира дека рокот за подготвување на изборите е краток, дека тие мора да се пролонгираат до моментот кога ќе се создадат минимум услови за спроведување на слободни избори и се наведуваат бројните барања, апели и препораки во изборен котекст, на ЦИВИЛ во последната година.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=kQJ2OBgFcxU[/youtube]
На дебата зборуваа и Билјана Бејкова од НВО Инфо Центар, Суад Мисини, аналитичар и активист за човекови права, како и новинарот Љубиша Арсиќ, а со свои ставови, коментари и реплики беа застапени и присутните во публиката,
На крајот од првиот панел, свое обраќање имаше и присутниот лидер на опозицијата Зоран Заев.