• Latest

Дебата „Како Република Македонија да добие функционален Парламент“

April 11, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дебата „Како Република Македонија да добие функционален Парламент“

April 11, 2018 15:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во една парламентарна демократија е главната точка во која треба да се дискутира. Пратениците имаат интерес да бидат солидарни на тема добро дискутирање, бидејќи тоа значи дека ќе бидат силно поставени визави извршната власт и оние од опозицијата и оние од власта. Има мали придвижувања во таа смисла. Жестокоста во нивните дебати постои, но со една принципиелна дискусија базирана врз аргументи, врз почитување на аргументот на другиот Собранието може да стане малку погледливо за граѓаните и попристојно и на некој начин пратениците да си го подигнат својот личен авторитет и собранискиот авторитет.  

Ова го истакна раководителот на проектот „Расправи за политиките на реформските приоритети“ на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Гордан Георгиев на дискусијата на тема „Како Република Македонија да добие функционален Парламент“. Целта на иницијативата, посочи, е да се придонесе за попристојна дебатата во Република Македонија со посебен акцент на Собранието.

Во дискусијата учествуваше и пратеничката Фросина Ременски од СДСМ, која рече дека во изминатиот период од три месеци во Собранието се покажало дека и покрај бојкотот на опозицијата може да функционира политичкиот дијалог и без посредништво на меѓународната заедница.

– Се согласувам со фактот дека не секогаш политичките теми кои се од општ јавен интерес се дебатираат во Собранието. Ние сме претставници на политичките партии и индиректно или директно учествуваме во тие директни или индиректни преговори и дебати по одредени прашања, така што можеме да рефлектираме политичка волја за одредени прашања. Она за кое Македонија може да направи сериозен исчекор напред во однос на прашањата кои се со наднационален предзнак и кои ги обединуваат сите политички партии се прашањата за евроатлантските интеграции, истакна Ременски.

Република Македонија, потенцира, е стратешки определена. – Има веќе конкретни чекори во реформски пакет, кој верувам дека утре сите заедно ќе го изгласаме  во Собранието како пакет закони од кои ќе зависи безусловната препорака од страна на Европската комисија за Република Македонија, рече Ременски.

Според политикологот Ненад Марковиќ од Институтот за демократија – Социетас Цивилис и од Правниот факултет „Јустинијан Први“, ниту една поголема политичка криза не е решена во Собранието и нема партија која не го бојкотирала Парламентот.

– Големите политички одлуки не се носат во Парламентот, туку на лидерските средби кои се ефективни. Тоа е позитивната страна. Од оваа перспектива на лидерските средби Собранието повеќе изгледа како колатерална штета отколку како генератор на кризата, додаде Марковиќ.

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека функционален Парламент е оној во кој пратеникот може да го каже тоа што го мисли и го сака без последици, каде што може да поднесе амандмани, да дискутира и да покрене прашања без да добие закани. Според него, има политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ кој е евидентен.

– Не може да има слобода, демократија ако нема опозиција. Не може да има опозиција ако нема слобода и ако кажување работи во јавниот дискурс резултира со она што секој ден го гледаме. Секоја репресија е со ограничен карактер и резултира со незадоволство кое преминува во револт, додаде Ѓорчев.

[divide]

Извор: МИА

Tags: дебатаОПШТЕСТВОпарламент
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ