• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Голема поддршка за Отворен Балкан во земјава; само Северна Македонија да влезе во ЕУ – власта е небитна; најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска

June 12, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Голема поддршка за Отворен Балкан во земјава; само Северна Македонија да влезе во ЕУ – власта е небитна; најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска

June 12, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Анкета: Македонците и Албанците во земјава со голема поддршка за Отворен Балкан, Србија и Албанија најпријателски, Бугарија најнепријателска земја

Иницијативата „Отворен Балкан“ добива сѐ поголема поддршка кај граѓаните во Северна Македонија. Според анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје, речиси две третини од вкупното население на државава, и од македонска и албанска националност,позитивно ја оценува иницијативата Отворен Балкан.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Нашиот став од 7 јуни е најдоброто нешто што сме можеле да го направиме. Ние ветивме европска интеграција. ДУИ е партија која ветува и остварува. Во насока на нашата партија, ние би се жртвувале само Северна Македонија да влезе во Европска Унија. Небитна е власта. Меѓу ДУИ во опозиција или Македонија во ЕУ, ние ќе бираме Македонија во ЕУ. Немаме дилема за ставот. После сите кризи, ова е вистинскиот пат, кажа Груби.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕДЛОГ ЗАКОН Собраниската Законодавно правната комисија денеска треба да го  разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако на 8 јуни тој доби поддршка од матичната Комисија за култура.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени дека „демантирањето или излегувањето од она што било договорено и кажано на прес-конференцијата по лидерската средба би било големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница“.

НАТО Најголемите воздушни маневри во историјата на НАТО започнуваат денеска во германскиот воздушен простор со двонеделна вежба во која учествуваат околу 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји. Предводена од германскиот Бундесвер, вежбата ќе трае до 23 јуни и има за цел да вежба одбивање на фиктивен напад на агресор од исток.

СВЕТ Почина поранешниот италијански премиер Силвиот Берлускони (86). Беше лидер на политичката партија Форца Италија. Во изминатите четири денови беше хоспитализиран во Милано поради леукемија.

РЕГИОН Според последните податоци од ЦЕМИ, врз основа на обработка на податоци од 99,9% од избирачките места излезноста во Црна Гора изнесува 56,2%, Движењето за Европа има 24 пратеници, коалицијата „Заедно“ собрана околу ДПС има 21, а листата за иднината на Црна Гора има 13 мандати во црногорскиот парламент. Коалицијата Храбро се брои (Демократи и ГП УРА) има 11 пратеници, Бошњачката партија во моментов има шест пратеници, СНП и Демос три пратеници. Според оваа проекција, во парламентот влегуваат Албанскиот форум со двајца, Албанската алијанса и ХГИ со по еден пратеник.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Евгениј Пригожин, шефот на армијата платеници познати како Вагнеровата група, ја обвинува руската армија дека лаже за настаните во рускиот регионот Белгород, каде Руските партизани против Путин спроведуваат прекугранични акции од Украина од крајот на мај  и предупредуваат на ризикот од граѓанска војна,

*

Вооружените сили на Украина објавија дека ослободиле три села на фронтот во западен Доњецк, неколку дена по започнувањето на украинската летна контраофанзива.

Украинските војници беа прикажани на видео снимки како го подигаат украинското знаме над селото Блаходатне, јужно од градот Велика Новосилка, една од главните оски на контраофанзивата досега. Војниците од друга бригада се снимале себеси со транспарентот на нивната единица во Нескучне.

*

Јован Андоновски, заменик народен правобранител, на настан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина објасни како за време на средбите и состаноците во Кијив со официјалните претставници на украинските власти, покренал неколку прашања, меѓу кое е и прашањето за украинските деца. Идејата која ја даде тогаш, а која ја реафирмира и денес е формирање на меѓународно тело, составено од омбудсмани (народни правобранители) кои ќе работат на идентификација на присилно депортираните украински деца и нивно враќање во Украина. Настанот го организираше Амбасадата на Украина во Северна Македонија, а се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност на 9 јуни.

(ВИДЕО) Меѓународeн ден за заштита на децата-спомен на децата што загинаа од руската агресија врз Украина

ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Енди Јен: Хибридните закани се предизвик не само за македонската полиција, туку и за властите на САД, Велика Британија и Швајцарија

МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Кокетирањето со популизам за инстантни политички поени им оди во прилог на националистите

Асани: Не треба да се срамиме или да криеме дека знаеме и други јазици

Далипи: Секогаш треба да опстојат силите кои се борат за едно отворено општество

АЛ-ПРЕС

На северот на Косово во текот на викендот, за разлика од последните две недели, е мирно, според косовските медиуми. Од САД, односно нивниот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се забележува поблага реторика што се однесува до косовскиот премиер Курти, за разлика од претходниот период. За овие, и неколку други теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, во прилогот во продолжение на денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Д. Мишев

Tags: ВестиВојна во УкраинаизјавиМултикултураСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ