ВЕСТ НА ДЕНОТ
Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Од клучно значење е Јадранската повелба да се прилагоди на новата реалност во светлината на тековните безбедносни предизвици. Ги поздравувам вашите планови за зајакнување на политичката улога на Повелбата и изнаоѓање нови безбедносни механизми за регионот. Јадранската повелба ја олесни балканската евроатланска интеграција. Украина е на пат кон НАТО, па знаеме колку беше тоа важно, истакна министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Битката кај Бахмут сега е политички и воен пораз за Русија – на барање на Москва. Борбата за Бахмут стана повеќе прашање на чест отколку стратешка цел за Кремљ. Заврши со неуспех, што само ја потврдува слабоста на руските воени стратези.
Враќањето на Крим можеби изгледа како неверојатен потег на Украина, но вложува значителен напор за да ја направи руската окупација што е можно понепријатна. А Русите прават огромни напори да го зацврстат присуството на полуостровот, кој незаконски го анектираат во 2014 година.
Главната задача на украинските одбранбени сили во секторот Бахмут е да ги истрошат непријателските сили и да им нанесат големи загуби, изјави командантот на украинските копнени сили генерал-полковник Олександр Сирскиј
МУЛТИКУЛТУРА
Таткот Енѓул Азизов, за ЦИВИЛ вели дека откако отиде во училиштето да побара објаснување зошто неговото девојче не смее да носи марама, која впрочем ја носи заради Рамазанскиот пост (само еден месец), беше брутално исфрлен од училиштето од педагогот со зборовите: „Излезете надвор и ако девојчето дојде утре со шамија во училиште нема да ја примиме“. Ќе ми носите шамии тука… ова не е Скопје или Тетово“.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми Главниот фокус на медиумите во Албанија денеска е насочен кон терористичкиот напад врз телевизијата Топ Чанел каде што животот го загуби обезбедувачот на објектот. Денеска албанската полиција излезе со соопштение дека нуди 100.000 евра за информација за идентификација на сторителите. Во Косово во 2022 година се отворени истраги за 257 полицајци, од кои 100 од нив се уапсени.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СКОПЈЕ Кога пред две години беше најавен проектот „Паметен град“, или „Смарт сити“ тоа беше нешто непознато за граѓаните. Беше проект што требаше да вклучи платформа за дигитален град за да опфати систем за паметно осветлување, систем за паметно паркирање, систем за мониторинг на квалитетот на воздухот, систем за јавно мислење и задоволство на граѓаните, систем за паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал.
ЕКОНОМИЈА Договорот за надзор на изградбата на автопатите и договорот со „Бехтел и Енка“ се склучени врз основа на законската регулатива во државата, почитувајќи ги сите процедури за избор на изведувачи и компании кои тоа го прават, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.
ОБРАЗОВАНИЕ Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со едно од нивните барања за државната матура.
ПОЛИТИКА Прашање на денови е кога ќе биде формирана работната група за уставни измени во која ќе учествува широк спектар на општествени чинители. Се очекува опозицијата до крајот на неделава да се изјасни за поканата и предлогот да учествува и да претседава со работната група, порачаа од власта.
ИЗБОРИ Правото на рамноправно учество во изборните процеси за лицата со попреченост ги вклучи засегнатите страни во истражување на можностите и опциите за постигнување на поправедна застапеност на лицата со попреченост во изборните процеси, на тркалезна маса „ Учеството на лицата со попреченост во изборните процеси“.
Тренчевска: Родовата еднаквост значи овозможување еднакви права и можности за жените и мажите, еднаков пристап до сите ресурси во општеството, и еднаков бенефит од тие ресурси
Со министерката за труд и социјални политики ЦИВИЛ Медиа разговараше за стратегиите, политиките и практиките што ги спроведува МТСП во контекст на унапредувањето и промовирањето на меѓуетнички и верски односи и промоција на мултикултурализмот во нашето општество.
Д. Варошлија