• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Протест во Тетово – се бара одговорност за пожарот во модуларната болница; од септември пензијата над 13.300; руски закани за бугарски политичари

August 16, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Протест во Тетово – се бара одговорност за пожарот во модуларната болница; од септември пензијата над 13.300; руски закани за бугарски политичари

August 16, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Протест пред судот во Тетово – се бара правда и одговорност за пожарот во модуларната болница

Денеска пред Основниот суд во Тетово се одржа протест на семејствата и пријателите на загинатите во пожарот во тетовската модуларна болница во септември 2021 година. Тие бараат правда и одговорност после објавената сторија на ИРЛ. Велат дека судењето кое што се случи не ги даде вистинските виновници.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

 Неправедно е да ги изедначиме  луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж затоа што со 40 години стаж апсолутно со вашиот влог преку системот на придонесите вие очекувате да имате поголема пензија. И оние граѓани пензионери кои земаат во моментов минимална пензија најголем дел од нив се со 15 години стаж. И најголем дел од нив ја немале достигнато висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов ќе земале и многу помала пензија. Меѓутоа заради солидарниот систем сме утврдиле линија од која што нема да има пензија 12.500 денари. Во септември ќе биде над 13.300, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНИ ЗА БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ Петмина познати бугарски политичари добија заштита од Службата за национална безбедност (НСС) поради заканите од Руската Федерација, објави Бугарското национално радио повикувајќи се на сопсвтвени извори,

КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА  Не секој крлеж е заразен, но конго-кримската хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА За три месеци силувани пет деца, меѓу монструмите се татко, роднина, наставник. Денеска Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.

ПОЖАРИ Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера на територијата на земјава имало вкупно 19 пожари, од кои 18 се изгазнати, а еден е локализиран.

СОЛАРЕН ПАРКТ Градот Мостар на југот на Босна и Херцеговина развива проект за соларна енергија од 49,9 мегавати. Таа е најголема во Западен Балкан. Градоначалникот Марио Кордиќ претходно изјави дека објектот ќе се користи за сопствена потрошувачка и додаде дека изградбата ќе започне пред крајот на годината.

СРЕДБА Министерот за животна средина и просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, денеска, на барање на премиерот Албин Курти, оствари средба со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) – Али Ахмети.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Позицијата на НАТО за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е јасна и непоколеблива.
Воената алијанса ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно. НАТО е посветен на постигнување праведен и траен мир, додаде тој.

*

Првиот брод го напушти морското пристаниште Одеса по привремениот коридор воспоставен за цивилни бродови до/од пристаништата на Црното Море на Украина“

*

Во вестите и на социјалните мрежи има извештаи дека свештениците на Украинската православна црква – Московска патријаршија (УПЦ-МП) одбиваат да вршат погребни служби за паднатите бранители, нарекувајќи ги братоубиствени убијци недостојни за Христијанско сеќавање.

*

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир им се заблагодари на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и шефот на дпломатијата, Бујар Османи за поддршката од Северна Македонија на Украина и приклучувањето на Заедничката декларација на Г7.

МУЛТИКУЛТУРА

Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ

Дефинирањето на мултикултурализмот не секогаш го дава точниот одговор  како во една заедница/држава со мноштво културни и етнички идентитети, различни и посебни, можат да се обединат и да коегзистираат меѓусебно не губејќи ги карактеристиките што ги прават различни едни од други, а истовремено поврзувајќи се преку заеднички именител.

АНАЛИЗИ

Долгогодишниот новинар и аналитичар на состојбите, Љубиша Николовски, во анализата „ Падна „авторитетот“ на Курти, македонските опозициски партии на Албанците панаѓурски го шетаа како циркуска политичка атракција“, во врска со неофицијалната посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово, вели дека станува јасно дека Албин Курти го троши времето што му е доверено од своите сограѓани, но и од меѓународната заедница за да ги реши круцијалните политички проблеми дома на Косово, не покажувајќи желба или капацитет за тоа.

СЛОБОДНА ЗОНА

Истражувачката видео сторија „Убиство во Тетово“ ја изгледав по вториот обид. Првиот обид ми беше неуспешен, се откажав, бидејќи ме потресе самиот почеток и видео инсертите од трагедијата со модуларната болница во Тетово, на 8 септември 2021 година. Но утредента ѝ се вратив на сторија, со внимание ја гледав од почеток до крај. Се работи за вистински добро изработена истражувачка сторија, со одлична реализација и во драматуршка и продукциска смисла. И не ме остави рамнодушен, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Истражувачката сторија на ИРЛ е жестока опомена и аларм за институциите, сè друго е помалку важно!“

*

Не сите, ама грото од највлијателните македонски национални ТВ запнале земјава да НЕ ги почне ЕУ преговорите под, нели, овие “бугарски” околности и, добро, еве ќе крахира владината иницијатива тоа да се случи и галиба тоа и ќе се случи па главните уредници и редакциските уредници ќе крикнат од восхит што “мисисијата” ете им успеала и …,  пишува Зоран Иванов во колумната по допрен глас „Отпосле ништо не ќе вредат ниту тоа “но” ниту тоа ”ама”

 

Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавислободна зона
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ