• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Истражувачката сторија на ИРЛ е жестока опомена и аларм за институциите, сè друго е помалку важно!

August 16, 2023
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Истражувачката сторија на ИРЛ е жестока опомена и аларм за институциите, сè друго е помалку важно!

Истражувачкиот тим на ИРЛ навлезе во суштината на настаните поврзани со трагедијата и сѐ што следи по неа, со евидентен елан и професионална посветеност. Сведоштвата и фактите што ги обелоденува ИРЛ во оваа потресна сторија се убедливи и јасни. И – најмногу од сè – крајно вознемирувачки.

August 16, 2023 12:02
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Истражувачката видео сторија „Убиство во Тетово“ ја изгледав по вториот обид. Првиот обид ми беше неуспешен, се откажав, бидејќи ме потресе самиот почеток и видео инсертите од трагедијата со модуларната болница во Тетово, на 8 септември 2021 година. Но утредента ѝ се вратив на сторија, со внимание ја гледав од почеток до крај. Се работи за вистински добро изработена истражувачка сторија, со одлична реализација и во драматуршка и продукциска смисла. И не ме остави рамнодушен.

Уредничката Сашка Цветковска и нејзиниот истражувачки новинарски тим влегле во суштината на настаните поврзани со трагедијата и сѐ што следи по неа, со евидентен елан и професионална посветеност. Сведоштвата и фактите што ги обелоденува ИРЛ во оваа потресна сторија се убедливи и јасни. И – најмногу од сè – крајно вознемирувачки.

За мене, има најмалку три крајно вознемирувачки факти во оваа сторија. Првиот, природно, се однесува на неизмерната трагедија на загинатите и нивните семејства. Предизвикува неизмерно сочувство, тага, немоќ, но и гнев.

Вториот факт се однесува на молкот на институциите. Крајно алармантни се сведоштвата на самиот тим кој, очигледно, со недели и месеци не успева да дојде до релевантни податоци и документи кои институциите се должни да ги обезбедат. Политичките изјави се едно, секако може да се проблематизираат или да се поддржуваат, но молкот на институциите и одолговлекувањето на одговорите се крајно неприфатливи.

Третиот факт е „правдата“. Најблаго речено, правдата отсуствува, ја нема! Од реконструкцијата на ИРЛ се гледа дека истрагата и судскиот епилог кои се крајно неубедливи (најблаго речени). За жал, оваа сторија е уште една хипер-реалистична слика за тешката состојба на правосудството.

Како и да е, дури и да ги прифатиме критиките што беа упатени на адреса на ИРЛ во првите 24 часа… Дека не е консултирана „втората страна“ (иако од сторијата дознаваме дека биле поканети)… Дека е тенденциозно избрано времето за објавување на сторијата… Дека е тенденциозен или наведувачки начинот на претставување на наодите од истражувањето… Еве, дури и да ги прифатиме (нема зошто) сите можни критики на адреса на новинарските истражувачи на ИРЛ – најважно од сѐ е дека оваа сторија мора да се сфати како аларм од највисок ранг. Ова е опомена, горчлива и мрачна, и за институциите и за јавноста.

Иако на моменти може некој да посочи дека има извесна тенденција, па и мелодрама во видео сторијата, тоа во овој случај може да се припише и на емоцијата која е неизбежна во оваа тема. Се разбира, екипата мора да мисли и на пласманот и да создаде атрактивен медиумски прилог. И успева во тоа – сторијата има повеќе од сто илјади прегледи веќе во првиот ден по објавувањето. За успех се секако заслужни и луѓето што не ги гледаме (камера, тон, монтажа итн.), кои одлично ја изведуваат продукцијата и постпродукцијата.

Видеото е добро направено, можеби најдобро од сите на ИРЛ досега. Единствена забелешка, можеби, би била должината, но тоа во овој случај е најмалку важно.

Да се вратам на содржината. Без оглед на тоа дали се оправдани или неоправдани критиките што уследија или ќе уследат на адреса на истражувачката екипа на ИРЛ, важно е едно – ова е придонес кон развојот на демократијата и владеењето на правото.

Ирелевантно е тоа дали ИРЛ направиле добар прилог или не (не е добар, одличен е!). Не е важно дали има доза на сензационализам и тенденција – таму е евидентна искрена професионална заложба. Уште помалку е важно дали ние сме го гледале однапред подготвени да го осудиме или да го одобриме трудот на новинарската екипа.

Важно е што таа трагедија се случи и дека има голем број отворени прашања во врска со неа. Ако не бидат одговорени, прашање на време е кога ќе ни се случи следната трагедија со овие или поголеми размери.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: ИРЛистрагамодуларна болницаправосудствоТетовотрагедија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ