ВЕСТ НА ДЕНОТ
Петровска-Остин во Пентагон: САД и Северна Македонија склучија 10 годишен патоказ за соработка во одбраната
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин по средбата во Пентагон ги поставија темелите за развој на одбранбената соработка помеѓу сојузниците – Северна Македонија и САД, за следните десет години.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Постигнавме консензус дека уставните измени не се проблем и дека опозицијата ги прифаќа. Констатираме дека се наоѓаме на крстопат и дека имаме историска шанса со уставните измени да ја фатиме брзата патека овозможена од геополитичкиот контекст во кој се наоѓаме. Прашањето на одложена примена на уставен амандман повеќе важи доколку има промени во нормативниот дел од Уставот во кој произлегуваат законски решенија, но кај овие уставни измени нема измена со која се продуцира закон, но има повеќе политика, симболика и пристап за да покажете дека сите граѓани од сите заедници независно од која бројност се, ги третирате исто. Ако прифатиме одложено дејство им укажуваме на земјите-членки дека Бугарите нема да ги третираме исто како Турците, Албанците, Србите, Власите се до членство во ЕУ. Затоа нема логика одложеното дејство на уставните амандмани. Наш прв пристап е да ја убедиме опозицијата да ги поддржи уставните измени, рече Османи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОСЕТА Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот.
УСТАВНИ ИЗМЕНИ Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека со или без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе има уставни измени.
ПЕНДАРОВСКИ Се случува промена во генералната слика во однос на уставните измени, со оглед на тоа што главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претходно воопшто не сакаше да разговара за можноста да се смени Уставот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција во Скопје со неговата словенечка колешка Наташа Пирц Мусар.
ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
Институционализираниот воен криминал во Русија процвета во услови на распаѓање на стариот советски воен естаблишмент и несмасна борба за создавање руски вооружени сили кои ги исполнуваат дури и минималните критериуми за професионална сила. Ова особено дојде до израз со руската воена агресија, кога испливаа на површина сите аномалии во дотогаш (барем на хартија) втората светска воена сила.
*
Украинските одбранбени сили постигнаа придобивки за време на нивната офанзивна операција во насока Бердијанск. Конкретно, тие презедоа контрола на површина до три квадратни километри, објави на Телеграм Украинскиот воен медиумски центар цитирајќи го Андриј Ковалиов, портпарол на Генералштабот на украинските вооружени сили
*
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир го објави на Твитер повикот на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, упатен до партнерите на самитот на НАТО во Вилнус да донесат одлуки кои ќе ја доближат Украина до влезот во Алијансата.
АЛ-ПРЕС
Претставници на групата на најмоќните пет држави во светот, КВИНТА, денеска се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти. Косовските медиуми известуваат дека по средбата, амбасадорите не им се обратиле на медиумите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговорил на барањата на САД и КВИНТА за намалување на воената готовност на српската армија.
Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
(ВИДЕО) Битиќи и Шукова за трансформација на економијата и перспективите на цирклуарна економија
СЛОБОДНА ЗОНА
„Може ли да влезам во џамија да разгледам како е внатре“, љубезно замоли туристка, а еден од присутните верници (или евентуално одбор на џамијата) Мурат Паша во Скопје, кој веднаш како од пушка и одговори „Вака како што си облечена нема шанси да влезеш“.
Да, девојката можеби не беше соодветно облечена за да влезе во џамија, (макар што во тој период не беше време за молитва и немаше верници кои се клањале), но облеката не смее да биде причина за на некој да му се забрани влез во божјиот храм, пишува Дехран Муратов во колумната „Не можеш така облечена во џамија„.
Откако не ОТЕЧЕ со тотално глупавите и лажни приказни за изгубен идентитет, јазик, делење на државата, итн итн, еве дојде времето кога ја има можноста директно да учествува во креирањето на политиките и (сето тоа да го спречи, ха, ха!). Поточно, има уникатна можност за конретно да допринесе кон придвижување на државата кон подобра иднина – или, иднина која тој ја посакува, пишува Ана Чупеска во колумната „ Оскар за Мицкоски“
Д. Мишев