• Latest
Фото: ФБ општина Липково и МИА

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Слупчане и Оризари без струја, ЕВН нема да работи на санација на дефекти-нема услови, можно е одложување на гласањето за уставни измени, фијаско од самитот Русија-Африка

July 27, 2023

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Слупчане и Оризари без струја, ЕВН нема да работи на санација на дефекти-нема услови, можно е одложување на гласањето за уставни измени, фијаско од самитот Русија-Африка

July 27, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: ФБ општина Липково и МИА

Фото: ФБ општина Липково и МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН. Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села. Како што велат, екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти при што е нормализирано снабдувањето со електрична енергија на селата Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. Секој граѓанин кој се  снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил, соопштија од Министерството.

Од ЕВН дополнително информираа дека откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Можно е за уставните измени кога ќе дојдат на пленарна седница да се исцрпи расправата, но да се одложи гласањето додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа. Се зависи од моменталната состојба односно дали ќе има обезбедено 2/3 мнозинство. Ова не е ништо ново бидејќи имало вакви случаи и за закони“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинари.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Чеченскиот сатрап Рамзан Кадиров наредил егзекуција на поп-ѕвездата Зелимхан Бакаев за која открил дека е геј откако се ракувал со него на промотивна фотографија, соопшти локалната група за човекови права, СОС Северен Кавказ. Групата која им помага на ЛГБТ луѓето во регионот, соопшти дека неименувани извори блиски до Кадиров потврдиле дека Зелимхан Бакаев бил убиен по негова наредба по средбата на двајцата во 2017 година.

*

Војната на Москва во Украина и нејзиното излегување од договорот за жито со посредство на ОН ќе бидат во фокусот на самитот Русија-Африка оваа недела, додека Владимир Путин очајнички се обидува да ги привлече африканските лидери кои бараат економско олеснување поради знаците дека Кремљ можеби е подготвен сериозно да се посвети на мировни преговори со Кијив.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВОСУДСТВО Стартува мисијата на ЕК за оценка на правосудниот систем во земјава. Според најавите, прво ќе биде идентификуван обемот на работата што ќе ја врши оценската мисија, по што таа ќе биде комплетирана од тим од експерти од земјите членки на ЕУ, кои во септември ќе ја посетат земјава.

АЗИЛ Во текот на април годинава вкупно 72.630 граѓани на држави кои не се членки на ЕУ првпат поднеле барање за азил во некоја од земјите на Унијата, што претставува пораст од 34 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Статистичката агенција на ЕУ – Евростат.

ИЛОВИЦА Потпишан во првата концесија за „Иловица“ е Ставрески, а во втората Груевски, позитивни мислења дале и Димовски и Мисајловски, соопти днеска министерот за економија, Крешник Бектеши, на пратенички прашања во Собранието.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Линч кон новите полицајци Срби на северот на косово; фалсификувани електронски пораки во име на Косовската полиција; пожарите во Албанија исфрлија воена муниција на улиците.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Навивачите на бугарскиот клуб Левски уште не пристигнати на фудбалскиот натпревар меѓу Левски и Шкупи, веќе на социјалните мрежи почнаа да провоцираат дека ќе го запалеле македонското и албанското знаме на трибините на стадионот „Тодот Проески“ во Скопје. Но, покрај провокациите, тие и се закануваат дека околу 19 часот ќе дошле како што велат пред споменикот на „бугарскиот цар Самуел“ на плоштадот „Македонија“ и „ќе чекале“, пишува Дехран Муратов во „Да за спортско, не за националистичко навивање!“

„Триесет години, инкарнацијата на Ени Вилкс – Мизери, ни се мести патерналистички во улога небаре – родител, за сега, така родителски да ни соли памет – „немојте да бидете како мене“. Односно, како да треба да си толкуваме „ВМРО-ДПМНЕ има многу разбудени Бугари, немојте и вие да станете такви!“ Фала им, но како досега не сме се бугаризирале, нема ни отсега. Освен ако ВМРО-ДПМНЕ не се заканува со тоа, дека тие лично ќе нѐ бугаризираат, што и да им значи тоа“, пишува Емилија Целаковска во „Гајрет, гајрет, вампири нѐ бранат од вампиризација“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: азилЕВНнавивачиправосудствосамит Русија-Африкаструјауставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ