• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ изгласана потребата за уставни измени, Ковачевски порача дека на гласањето за уставни измени ќе се види кој им мисли добро на граѓаните, ЦИВИЛ со осуда за заканите кон новинарката Бехадини

July 25, 2023

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ изгласана потребата за уставни измени, Ковачевски порача дека на гласањето за уставни измени ќе се види кој им мисли добро на граѓаните, ЦИВИЛ со осуда за заканите кон новинарката Бехадини

July 25, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Комисијата за уставни прашања денеска, со 10 гласа „за“ и 7 „против“, го поддржа Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, поднесен од Владата и му предложи на Собранието на Република Северна Македонија, согласно член 131 став 1 од Уставот, да донесе одлука за пристапување кон уставни измени.

Предлогот за пристапување кон уставни измени предвидува во Преамбулата на Уставот, заменета со Амандманот IV, а Амандманот IV изменет со Амандманот XXXIV, после делот од бошњачкиот народ да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Потоа, се предлага и во амандманот XXXVI на Уставот, со кој се заменува членот 49 и Амандманот II, после делот од бошњачкиот народ да се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ,словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Собраниската седница за уставни измени е закажана за 18 август.

ИЗЈАВА НА  ДЕНОТ

„Во следните недели кога е првото гласање јасно ќе стане кој мисли за себе, а кој мисли и за своите деца и за граѓаните што ги претставува. Секој сам треба да одлучи дали ќе даде глас за Европа, глас за интеграција, или ќе го задуши гласот на совеста во себе и ќе одлучи да ја однесе земјата во изолација, по нечиј налог донесен од личен интерес или интерес на други страни“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Откако без да наведе никакви докази, рускиот претседател обвини дека Полска сонува да заземе делови од Украина и Белорусија кои претходно биле под нејзин домен и ја предупреди Полска дека секој напад врз Белорусија ќе го смета за напад врз Русија, Александар Лукашенко, белорускиот претседател, набрзо потоа излезе со тврдење дека платениците од Вагнер, улогорени во неговата земја, се очајни да ја нападнат Полска, а тој прави сé за да спречи платеници да ја преминат границата со соседната земја.

Повеќе: https://tinyurl.com/36dzts9e

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНСПЕКЦИЈА Трудовиот инспекторат донесе мерка за поништување на отказите на вработените во „Комунална Хигиена“

ДАНОК Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.

СРЕДБА Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, се сретна со новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК), Антје Ванделт.

ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ Центар за слобода најостро го осудува и бара итна реакција за експлицитните закани и говор на омраза упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук.

Повеќе: https://tinyurl.com/2vvryep

АНАЛИЗИ

Клуни и Прендергаст: Како Западот може да го убие вирусот „Вагнер“

Во деновите откако групата Вагнер го напушти својот марш кон Москва на 24-ти јуни, се зголемија шпекулациите за тоа што ќе биде со озлогласената руска паравоена компанија и нејзиниот водач, Евгениј Пригожин. Во услови на извештаи за претседателот Владимир Путин кој ги пробива средствата и распоредувањето на војниците на Вагнер, како и со статусот и местото каде што се наоѓа самиот г-дин Пригожин, покриени со мистерија, иднината на групата – и нејзината обемна деловна империја – е нејасна.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како функционираат пропагандните машинерии? Тие се служат со низа софистицирани методи што се невидливи за просечниот корисник на социјалните мрежи. Се работи за масивни и исклучително скапи операции, кои вклучуваат комплексен систем од средства за јавна комоникација, широка коруптивна мрежа и апаратус за принуда, заплашување и – елиминација. Затоа, имајќи го ова предвид, кога ќе погледнеме на тоа што пропагандата прави на социјалните мрежи, ни се чини како детска играчка. Сепак, тоа не е целосно точна констатација“, пишува Џабир Дерала во денешниот ЕДИТОРИЈАЛ со наслов  „Секогаш ќе има платени насилници, вознемирени „патриоти“ и корисни идиоти“

За родовата еднаквост наспроти дезинформациите пишува Жарко Трајановски во „Mедиумите треба да промовираат родова еднаквост, а не антиродови пропагандисти и дезинформации“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: говор на омразадезинформацииДимитар Ковачевскиуатавни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ