• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Затвор од 15 месеци за анестезилогот од Тетово, дискурсот на Бугарија сличен на оној на Русија, подобрена состојбата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија

May 17, 2023

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Затвор од 15 месеци за анестезилогот од Тетово, дискурсот на Бугарија сличен на оној на Русија, подобрена состојбата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија

May 17, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Затвор од 15 месеци за анестезилогот од Тетово кој на социјалните мрежи снимаше пациенти и медицински персонал

Анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи во живо снимаше пациенти и вработени во Клиничката болница Тетово денескa на почетокот на судењето ја призна вината, по што судот му одреди единствена казна затвор од една година и три месеци.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Да заклучам со следново. Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа.Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МВР Министерството за внатрешни работи соопшти дека го идентификувале матурантот кој недолично се однесувал кон полициски службеници. Тој, како што велат од МВР, ќе биде повикан на разговор во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИНТЕГРАЦИИ Ако не бидат донесени уставните измени, тоа би ја однело земјата во излолација и може да резултира Северна Македонија да не се интегрира во ЕУ уште многу децении, истакна минисерот за надворешни работи Бујар Османи.

ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ Изборите за Европскиот парламент за 2024 година треба да се одржат од 6 до 9 јуни, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ на Твитер. ЕУ амбасадорите на состанокот на 27-те земји-членки на ЕУ во Брисел „штотуку ги одобрија“ датумите, објави актуелниот претседавач со ЕУ.

КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕ  Денеска, по повеќемесечно криминалистичко истражување, е спроведена координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.

ЛГБТИ Северна Македонија на листата се наоѓа на 32 позиција со резултат од 29%, што е подобрување за 2 процентни поени во однос на минатата година. Препораките кои ИЛГА-Европа ги дава за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија вклучуваат усвојување правична и транспарентна правна рамка за правно признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања (како што се стерилизација, медицинска дијагноза, хируршка/медицинска интервенција, задолжителен развод или старосно ограничување).

ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ Како најважни приоритети на институцијата се предлог законот за архивска дејност да биде подготвен за собраниска процедура до септември годинава, целосни подготовки за објавување на тендер за воведување електронски лични карти за сите македонски граѓани, да се унапреди свесноста за потребата од интегритет и професионално, одговорно и ефикасно работење меѓу носителите на јавни функции и јавните службеници во централната администрација

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Состојба Бахмут: Украинските сили во изминатите денови вратија околу 20 квадратни километри територија од руските сили околу источниот град Бахмут.

*

Руски загуби: Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека од почетокот на целосната руска агресија врз Украина, помеѓу 24 февруари 2022 година и 17 мај 2023 година, украинските одбранбени сили елиминирале околу 200.590 руски напаѓачи вклучувајќи 610 само во изминатиот ден.

*

Руски воени злосторства: Досега во Украина како резултат на сеопфатната агресија на Руската Федерација загинаа 481 деца, а  977 деца беа повредени.

АЛ-ПРЕС

По многу конторверзии, скандали, апсења, купување гласови и низа други изборни нерегуларности, според албанските медиуми, Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама извојува речиси тотална победа на локалните избори што се одржаа на 14 мај во Албанија. Загубата на Демократската партија пак, аналитичарите тврдат дека доаѓа и од бојкотот на граѓаните. Косовските медиуми информираат дека дијалогот помеѓу Косово и Србија е во статус кво состојба,односно, нема напредок, и дека без силен притисок од меѓународната заедница, дијалогот може да пропадне.

Ова се дел од темите, од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АНАЛИЗА

Балканските аеродроми, особено во Белград и Скопје, се регионални центри за трговија со луѓе и шверц на мигранти и дрога, се предупредува во новиот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, ГИ-ТОЦ. Според извештајот на невладина организација со седиште во Женева, објавен во понеделникот, балканските аеродроми се ранливи на организиран криминал и дека аеродромите во Белград и во Скопје се регионални центри за недозволени активности, пишува во анализата на ГИ-ТОЦ „Аеродромите во Белград и Скопје – „жешки точки“ за трговија со луѓе и шверц на мигранти и дрога“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе сестринската, Српска православна црква, Порфириј, кој се обрати кон една жена со недолични зборови за мантијата што ја носи. Заедничко за двајцата „великодостојници“ на двете цркви, од неодамна во канонско единство, е што нивните обраќања воопшто не се во согласност со етичкиот принцип на христијанската религија – „сакај го ближниот како себе си“, а нивните ставови со кои тие, братски, ги навредуваат жените, сѐ уште се предмет на контроверзии, пишува Драган Мишев во „СПЦ и МПЦ – ОА во канонско единство против родовата еднаквост“

 

Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во Украинаизјавислободна зона
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ