• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тотална победа на социјалистите во Албанија; британската влада плаќа по 1500 на албанските затвореници за враќање дома; нема напредок во дијалогот Косово-Србија

May 17, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тотална победа на социјалистите во Албанија; британската влада плаќа по 1500 на албанските затвореници за враќање дома; нема напредок во дијалогот Косово-Србија

May 17, 2023 10:29
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По многу конторверзии, скандали, апсења, купување гласови и низа други изборни нерегуларности, според албанските медиуми, Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама извојува речиси тотална победа на локалните избори што се одржаа на 14 мај во Албанија. Загубата на Демократската партија пак, аналитичарите тврдат дека доаѓа и од бојкотот на граѓаните. Косовските медиуми информираат дека дијалогот помеѓу Косово и Србија е во статус кво состојба,односно, нема напредок, и дека без силен притисок од меѓународната заедница, дијалогот може да пропадне.

Ова се дел од темите, од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Арбреш: Тотален триумф на Социјалистичката партија, ги контролира советите и таму каде што ги изгуби градоначалниците

„Социјалистичката партија потврдува речиси целосна победа на изборите на 14 мај.

Резултатите покажуваат не само партија со мнозинство градоначалници во земјава, туку и доминација на социјалистички советници кои ќе ги контролираат дури и оние општини каде што градоначалниците не се од неа.“, пренесе албанскиот медиум Арбреш.

Албеу -Аналитичари за ВОА за локалните избори: Длабоката загуба на ДП дојде од бојкотот на граѓаните

„Во Албанија, независни истражувачи и опозициски политичари тврдат дека длабоката победа на Социјалистичката партија на локалните избори дојде најмногу поради тешката ситуација во која денес се наоѓа Демократската партија.

Сметаат дека граѓаните ја напуштија Демократската партија, бидејќи таа се појави поделена, без алтернатива и конфликтна и дека нејзиното суштинско закрепнување ќе ги отуѓи политичките случувања во Албанија.“, пренесе Албеу.

Ора Њуз: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1500 фунти за да се вратат дома

„Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои отслужуваат казни во тамошните затвори.

Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност за спас од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите.“, пренесува Ора Њуз.

КОСОВО

Сури: Нема резултат од средбата на главните преговарачи Бислими – Петковиќ во Брисел

„Без резултати заврши средбата во Брисел меѓу главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ. Медијаторот Лајчак вели дека дискусиите ќе продолжат на ниво на работни групи и експерти.“, пренесе Сури.

Газета Експрес: Без голем притисок, дијалогот ризикува да пропадне

„Без постојан меѓународен притисок, не се очекува напредок во дијалогот Косово-Србија, велат познавачите на политички прашања Артан Мухаџири и Душан Јањиќ.

Според нив, процесот на нормализирање на односите меѓу двете земји ризикува да пропадне.

Коментарите следуваат по новата рунда разговори што се одржаа во понеделникот во Брисел меѓу главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими, и неговиот српски колега, Петар Петковиќ.“, пренесува Газета Експрес.

КОЛУМНА

 Факс Веб: Загубата на народот и државата не е победа!

„Овие локални избори во Албанија го открија и феноменот што некогаш се случи во Македонија на Груевски, кој никој не можеше да го победи со глас, бидејќи тој владееше по принципот што денес го практикува„Сликарот“ : колку државата и народот се осиромашени, толку повеќе му паѓа цената на гласачот.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Загубата на народот и државата не е победа!“, објавува Факс Веб.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ