• Latest

СПЦ и МПЦ – ОА во канонско единство против родовата еднаквост

May 16, 2023

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

СПЦ и МПЦ – ОА во канонско единство против родовата еднаквост

May 16, 2023 12:14
in ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе сестринската, Српска православна црква, Порфириј, кој се обрати кон една жена со недолични зборови за мантијата што ја носи.

Заедничко за двајцата „великодостојници“ на двете цркви, од неодамна во канонско единство, е што нивните обраќања воопшто не се во согласност со етичкиот принцип на христијанската религија – „сакај го ближниот како себе си“, а нивните ставови со кои тие, се чини братски) ги навредуваат жените, сѐ уште се предмет на контроверзии.

Во српската јавност беше објавено видео од поглаварот на Српската православна црква во кое се изразува родово сензитивен, односно речник на навреди за важна тема.

„Ќе плачев, ќе врескам, кога ќе видам кутра жена што си ја менува тезата… Таа вели дека се бунтуваат против законот за јазик, за чувствителниот јазик… Па, кутра и бедна“, рече патријархот Порфирије.

Žene, pozdravio nas juče patrijarh. pic.twitter.com/ILx1yNfEGR

— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) May 13, 2023

Професорката на Факултетот за медиуми и комуникации Јелисавета Благојевиќ посочува дека се работи за говор на омраза и дека зачудува интензитетот со кој се изговорени некои зборови, кои не е ни во согласност со етичкиот принцип на религијата, а претставникот на Партијата за слобода и правда Владимир Обрадовиќ дека ваквото обраќање не се вклопува во некои етички принципи на религијата, пренесува N1.

„Тоа го имате дури и во Евангелието според Матеј, самиот Исус вели „дури и вашиот непријател, прегрни го, сакај го, помагај му и така натаму“. Така што таквите зборови и таквото обраќање не се вклопуваат во ниеден етички принцип на верата“, истакнува  Обрадовиќ.

Јасно е, објаснува Благојевиќ, дека постојат различни мислења за родово чувствителниот речник – од една страна, оние кои се за неговата примена и оние, како црквата, кои се поконзервативни.

„Да не се правиме наивни и да не велиме – нема спор. Спор има, но тој спор мора да биде во доменот на политичка, аргументирана, дискусија… а не во смисла на ‘кутри, бедни’ и слично. Начинот на кој зборуваше патријархот е дел од политичката некултура што е насекаде околу нас“, смета Благојевиќ.

Се наметнува прашањето, дали двајцата владици, сега здружени во канонскот единсво, ја користат новата црковна реалност за оркестрирано да се нафрлат врз родовата еднаквост и улогата на жените  во современото, модерно и демократско општество.

П.С. Прашањето е реторичко

 

Tags: канонско единствоМПЦ- ОАродова еднаквостСПЦ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ