• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Зголемена просечната нето плата; на правосудството му треба ремонт; сите страни да работат на деескалација на состојбите во Косово

June 20, 2023

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Зголемена просечната нето плата; на правосудството му треба ремонт; сите страни да работат на деескалација на состојбите во Косово

June 20, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Зголемување на просечната нето плата во април за 14,6 проценти

Просечната нето плата во април изнесува 36. 134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Сметам дека треба да се направи ремонт на одредени институции, процеси и закони во делот на правосудството, бидејќи сите анализи и изјави на дипломати тоа го покажуваат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБСЕ – КОСОВО Потребно е да се придржуваме до Патоказот на меѓународната заедница за деескалација, со потсетување дека Силите на НАТО во Косово (КФОР) имаат задача да овозможат безбедно и сигурно опкружување во северните косовски општини, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Твитер.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело„противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна

ЗАКОН ЗА МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА Собранието ги усвои измените кои овозможуваат решавање на сите регистрирани случаи на бездржавност. Тоа е еден од двата услови за да се каже дека една држава го решила прашањето на бездржавност – прво да се решат сите регистрирани случаи.

СВЕТ Eндрју Тејт, неговиот брат Тристан и уште двајца осомничени беа испратени од ромаските обвинители на судење под обвинение за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени.

ОН Специјалниот известувач на Обединетите нации за човекови права во Авганистан Ричард Бенет, пред Советот за човекови права во Женева рече дека дејствијата на талибанците против авганистанските жени и девојки може да се третираат како „родов апартхејд“, бидејќи Владата продолжува сериозно да ги крши нивните права

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Руските агресори извршија нов масовен воздушен и ракетен напад врз Украина. Синоќа во главниот град и многу региони низ Украина, се вклучија сирените за воздушен напад  поради лансирање на крстосувачки ракети и беспилотни летала камикази од територијата на Русија.

*

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку три сектори од линијата на фронтот и постигнаа дополнителни придобивки, се вели во извештајот на Институтот за изучување на војната (ISW) за 19 јуни.

АЛ-ПРЕС

Косовските медиуми известуваат дека и денеска продолжуваат блокадите на граничните премини Јариње, Мердар и Брњак, а од КФОР навестија дека се подготвени за интервенција доколку се повторат насилствата на северот на Косово.

Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Куманово, г. Максим Димитриевски, организира јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во Сала на совет, Комитет денеска, со почеток во 13 часот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Љубомир Костовски

Дали знаете која е последната Сталинова желба пред смртта (5 март 1953 г.) Или барем една од последните за која се знае? Тоа е писмениот предлог упатен до челниците на Западна Германија за обединување на двата делови на оваа земја! Истиот предлог наишол на чудење, бидејќи токму генералисимусот бил диригент на многу форми на изолација на делот под негово старателство: Посебно се помни кога западните сојузници морале со авиони да носат јаглен и прехррамбени продукти во Западен Берлин заради прекини на сите комуникации со овој дел, кој формално останал во рацете на тројцата сојузници од Втората светска војна (САД, Британија и Франција). Писмото од Сталин е проценето како некаква замка и е отфрлено. Можно е Јосиф Висарионович веќе да имал сознанија дека во Источна Германија врие и дека решавањето на тамошните проблеми може многу да го чинат целиот источен блок., пишува Љубомир Костовски во колумната „СПОМЕНИ: 70 години од првиот бунт во социјалистичкиот блок“

 

Д. Мишев

 

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во УкраинаекономијаизјавимултијултурарегионСветчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ